Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Сочувство од Папата за жртвите од насреќата на Мадеира

Во трагичната несреќа на португалскиот остров Мадеира загинаа 13 луѓе, а 49 се повредени - AFP

19/08/2017 09:41

Папата Фрањо изрази сочувство заради жртвите од трагичната несреќа која се случи во вторникот на 15 август 2017 година, на португалскиот остров Мадеира, во која животот го загубија 13 луѓе, а речиси 50 се поврдени.

Имено, стеблото паднало на група верници католици додека се подготвувале за процесија за да го прослават празникот Вознесение на Пресвета Богородица.

Светиот Отец во телеграмата со сочувство, која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, истакнува дека го погодила веста за големиот број загинати и повредени во несреќата. Тој ја гарантира својата духовна близина на семејствата на жртвите и на сите оние кои се погодени од таа трагедија и ги препорачува жртвите од несреќата на Божјото милосрдие.

РВ/к.мк

19/08/2017 09:41