Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Именувани нови директори на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија

Бискупот Стојанов со поранешниот директори и директорите на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија - RV

31/10/2017 15:39

На 29 октомври 2017 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, за време на светата Литургија, која ја предводеше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во сослужение на деканот во Скопска бискупија, дон Давор Топиќ и деканот во Апстолскиот егзархат во Македонија, о. д-р Зоран И. Стојанов, беше прочитан декретот за разрешување на досегашниот директор на Македонски Каритас и Радио Марија Македонија монс. Антун Циримотиќ. Воедно беа прочитани декретите за нови именувања за спомнатите институции.

За директор на Македонски Каритас е именуван парохот на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ - Битола, дон Паво Шеќерија. За директор на Радио Марија Македонија е именуван парохот на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица, о. Гоце Костов, кој е воедно и уредник на веб порталот „Католици.мк“ и списанието „Светлина“.

Бискупот Стојанов во пригодната проповед се заблагодари на монс. Антун Циримотиќ за неговата неуморна работа и пожртвуваност, а на новоименуваните директори им посака благословена и успешна мисија.

к.мк

31/10/2017 15:39