Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата: Потребна е храброст, а не „пасторал на чување“

Папата Фрањо служи света Литургија во домот Света Марта (Ватикан, 31 октомври 2017 година) - EPA

01/11/2017 16:19

За да расте Царството Божјо, треба да имаме храброст да го фрлиме синаповото зрно и да го замесиме квасецот – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија на 31 октомври година, во домот Света Марта, предупредувајќи дека наместо тоа многу пати се дава предност на т.н. „пасторал на чување“.

И синаповото зрно и квасецот се мали, но сепак во себе имаат моќ да растат. Тоа важи и за Царството Божја: неговата моќ доаѓа од внатре – рече Светиот Отец.

Папата потсети дека и свети Павле во Посланието до Римјаните, нагласува дека во животот постојат многу тензии, но истиот тој Павле пишува дека „страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас.“ (Римјаните 8, 18). Станува збор за тензија помеѓу стрдањето и славата. Во тие тензии е големо очекувањето на големото откровение на Божјото Царство. Но, тоа не е очекување само на нас луѓето – истакна папата Фрањо – туку ги зафаќа и сите созданија кои како нас се подложни на испразност и чекаат објавување на синовите Божји. А внатрешната сила која со надеж нѐ води кон полнотата на Царството Божјо е она на Светиот Дух.

Светиот Отец рече дека токму надежта нѐ доведува до полнотата, надежта да излеземе од овој затвор, од ова ограничување,од ова ропство, од ова корупција, и да дојдеме до славата: тоа е патот на надежта. А надежта е дар на Светиот Дух. Светиот Дух е во нас и нѐ води кон тоа: кон нешто извонредно, големо ослободување, голема слава. Од таа причина Исус зборува дека внатре во тоа мало синапово зрно се наоѓа силата која ослободува незамислив раст.

Во нас и во созданијата – продолжи папата Фрањо – постои сила која ослободува: Светиот Дух Кој ни дава надеж. Светиот Отец конкретно објасни што значи да се живее со надеж: да дозволиме таа сила на Светиот Дух да ни помогнеме да растеме кон полнотата на славата која нѐ чека. Но, како што квасецот мора да се замеси и синаповото зрно да се посее, бидејќи во спротивно, внатрешната сила и понатаму ќе биде заспиена, тоа важи и за Царството Божјо кое мора да расте од внатре, а не прозелитизам – предупреди Папата.

Тоа расте од внатре, со силата на Светиот Дух. И Црквата секогаш имала храброст да земе и да го посее, да земе и да го замеси, но исто така се плашела да го прави тоа. И многу пати гледаме како се дава предност на „пасторалното чување“, кое оневозможува раст на Царството. Остануваме онакви какви што сме, мали, таму каде се чувствуваме сигурни, но Царството Божјо не расте. За тоа да расте, потребна е храброст за да се посее зрното, да се замеси квасецот. Вистина ако семето се посее, се губи, и ако квасецот се замеси ги валкам раце – рече папата Фрањо – бидејќи секогаш е присутна некоја загуба кога се сее Царството Божјо.

Бидејќи оние, кои го проповедаат Царството Божјо – продолжи Светиот Отец – а притоа ја негуваат илузијата дека не треба да си ги валкат рацете. Таквите луѓе се музејски чувари: даваат предност на убави работи пред гестот на сеењето кој ослободува сила, пред гестот на месењето кое дава сила за раст. Тоа е Исусовата порака, но и на свети Павле: таа тензија која оди од ропството на гревот до полнотата на славата. А надежта оди напред, таа никогаш не разочарува. Надежта е ситна како синаповото зрно или квасецот – рече Папата и заклучи: Надежта е најпонизна меѓу добродетелите, слугинка, но каде има надеж, таму е и Светиот Дух Кој го води напред Царството Божјо.

РВ/к.мк

01/11/2017 16:19