Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Ангел Господов

Папата: Да се биде свет е целта на нашиот живот

Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов - AP

03/11/2017 11:09

Празникот Сите светии е „наш“ празник, не затоа што сме добри, туку затоа што Божјата светост го допрела нашиот живот – истакна папата Фрањо за време на пладневниот наговор на 1 ноември 2017 година, додавајќи дека светците не се совршени примери, туку луѓе кои се исполнети со Бог.

Може да се споредат со црковните витражни прозорци кои пропуштаат светлина во различни нијанси. Светците се наши браќа и сестри кои во своите срца ја примиле светлината Божја и понатаму ја предаваат на светот, секој во согласност со својот „тоналитет“. Но, сите тие биле транспарентни и се бореле за да ги отстранат дамките и темнината на гревот. Тоа е исто така и нашата цел: да дозволиме Божјата светлина да заблеска – рече Светиот Отец.

Во денешниот евангелски дел, Исус се обраќа на своите ученици, на сите нас, нарекувајќи нѐ „блажени“ (Матеј 5, 3) – рече Папата. Тоа е зборот со кој Исус го започнува своето навестување, своето Евангелие. Кој е со Исус, блажен е, односно среќен. Среќата не се состои во посредување или во тоа да станеме некој, туку во тоа да се биде со Бог и живеејќи ја љубовта– предупреди Светиот Отец. Од таа причина „состојките“ за среќен живот се нарекуваат „блаженства.“

Блажени се едноставните, понизните кои подготвуваат место за Бог, кои знаат да плачат заради другите, како и заради своите сопствени грешки – истакна папата Фрањо и продолжи: Блажени се оние кои остануваат кротки, кои се борат за правда, кои се милосрдни кон сите и ја чуваат чистотата на срцето, работејќи секогаш за мирот, не мразат, а кога страдаат, тогаш на злото одговараат со добро.

Блаженствата не бараат никакви големи гестови и не се само за „надлуѓе“, туку за оној кој ги живее секојдневните искушенија и страдања – рече Светиот Отец. Светците се како сите останати: вдишуваат воздух кој е загаден од злото, но, на патот никогаш не ја губат од вид Исусовата трага која е обележана во блажествата. Блаженствата се „мапа“ за христијанскиот живот. Денес е празник на оние кои ја постигнале целта: не само оние кои се наоѓаат во литургискиот календар, туку многу луѓе „покрај нас“, кои можеби сме ги сретнале и познавале. Сите Светии е празник на семејствата, на многу едноставни, прикриени луѓе кои му помагаат на Бог светот да го носи напред. И денес во светот има многу такви луѓе – истакна папата Фрањо.

Пред сѐ, тие се оние кои се „бедни по дух“ (Матеј 5, 3), односно оние кои не живеат за успех, моќ или пари. Веруваат дека Господ е нивното животно богатство, а љубовта кон ближниот единствен вистински извор на заслуги. Нашето блаженство е во Господ и во љубовта: само со Него, само љубејќи се можеме да живееме блажено – рече Папата.

Светиот Отец потоа наведе блаженство кое не се наоѓа во евангелијата, туку на крајот од Светото Писмо во Книгата Откровение: „блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа!“ (Откров 14, 13). На утрешниот празник сме повикани со молитва да ги придружуваме своите мртви засекогаш да уживаат во Господ – рече папата Фрањо на крајот од својот наговор.

Папата Фрањо потсети дека утре на Задушница, ќе биде на американските гробишта во местото Нетуно недалеку од Рим, а потоа ќе ги посети Ардеатинските јами, каде на 24 март 1944 година нацистите убиле 335 Италијанци. Ве молам да ме придружувате со молитвата прекуна тие две фази на спомени на жртвите на војната и насилството – ги повика Папата присутните и заклучи: Војните не произведуваат ништо друго туку гробишта и смрт: затоа сакам да дадам знак во време кога изгледа дека човештвото не ја научило својата лекција или не сака да ја научи.

РВ/к.мк

03/11/2017 11:09