Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Прославен празникот на Сите Светци во Скопје

На празникот Сите Светци бискупот Стојанов служее света Литургија на Градските гробишта Бутел во Скопје. - RV

03/11/2017 11:00

На Градските гробишта Бутел во Скопје, на празникот на Сите Светци, 1 ноември 2017 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во сослужение на скопскиот парох и декан дон Давор Топиќ, бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов и монс. Антун Циримотиќ.

Во пригодната проповед бискупот Стојанов ја истакна надежта во вечниот живот како и заедништвото во вечната слава која ја исчекуваме.

Во празникот на Сите Светци Црквата нѐ учи да ја гледаме смислата на својот живот, односно сведоштвото кое тие го оствариле следејќи го Исус Христос.

к.мк

03/11/2017 11:00