2017-11-07 13:33:00

Папата: Кога Бог ќе даде некој дар, тој дар е неотповиклив


Кога Бог ќе даде некој дар, тој дар е неотповиклив; не го дава денес за да го го земе утре. Кога Бог повикува, тој повик останува цел живот – со тие мисли папата Фрањо ја започна проповедта на светата Литургија служена на 6 ноември 2017 година, во домот Света Марта.

Во историјата на спасението имало три Божји дарови и повици за неговиот народ – рече Папата. И сите се неотповикливи, бидејќи Бог е верен. Тоа се даровите на избор, ветување и сојуз. Така било за Авраам и така е за секој од нас. Секој од нас е избраник, Божји избор. Секој од нас го носи ветувањето кое го даде Господ: Оди во моето присуство, биди беспрекорен и јас тоа ќе ти го направам. И секој од нас склопува сојуз со Господ. Може да го склопи, а ако не сака, слободен е – објасни Папата.

Тоа е факт; но треба исто така да се прашаме: како јас го чувствувам тој повик? Се чувствувам ли христијанин случајно? Како го живеам тоа ветување, ветувањето за спасение на својот пат, и дали сум верен на сојузот? Како Тој е верен? – рече Светиот Отец. Па, пред самата верност која е Бог – додаде Папата –не ни преостанува друго, туку да се запрашаме: дали го чувствуваме неговото „милување“, неговата грижа за нас и неговото барање кога ќе се одалечиме?

Зборувајќи за Божјиот избор – продолжи Папата осврнувајќи се на Посланието на свети Павле до Римјаните – апостолот четири пати се враќа на два збора: на „непокорни“ и „помилувани“. Каде било едното, таму било и другото – рече и додаде: Тоа е нашиот пат за спасение. Тоа значи дека на патот на изборот, кон ветувањето и сојузот, ќе има гревови, ќе има непокорност, но пред таа непослушност секогаш се наоѓа милосрдието. Тоа е како динамиката на нашето одење кон зрелоста: овде секогаш е милосрдието, затоа што Он е верен, Он никогаш не ги повлекува своите дарови. Пред нашите слабости и гревови секогаш се наоѓа милосрдието, и кога Павле доаѓа до тоа размислување, прави чекор повеќе, но не за да ни објаснува, туку да се поклони.

Потребно е обожавање и тивка пофалба, пред тоа таинство на непокорност и милосрдие кое нѐ прави слободни и пред таа убавина на неотповикливи дарови како што се изборот, ветувањето и сојузот – поттикна папата Фрањо. Мислам дека на сите може да ни направи добро, ако денес мислиме на тоа дека сме избрани, на ветувањата кои Господ ни ги даде, на тоа како го живеам сојузот со Господ. И на тоа како се препуштам на Господовото милосрдие пред своите гревови и својата непослушност.

И на крајот – додаде Светиот Отец – дали сум како Павле способен да го фалам Бог заради тоа што ми дава на мене, што му дава на секој од нас да го фалам и да направам дело на обожавање. Но, притоа никогаш да не заборавиме дека Божјите дарови и неговиот повик се неотповикливи – истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.