2017-11-07 13:19:00

Сестра Рани прогласена за блажена


На 4 ноември 2017 година, сестра Регина (Рани) Марија, родена како Марјам Ваталил, монахиња на Дружбата фрањевски клариси е прогласена за блажена. Обредот е одржан во Индор, Индија, а ја предводеше Папскиот делегат, кардинал Амато. Папата Фрањо на 23 март ова година го призна нејзиното мачеништво, отворајќи го така патот за нејзина беатификација.

Сестра Рани Марија е родена во Керала, а последните две години работела во Удајнагар, во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, посветувајќи се посебно на земјоделците и жените во тамошните села. Додека со автобусот патувала за Бопал, била принудена да слезе, и пред сите останати патници, нејзиниот убиец ја избодел со нож. Имено, тоа било јасно каква судбина ги чека оние кои со преобразба на селската Индија се обидуваат да се спротивстават на законот на посилниот. Нејзнината неуморна работа за помош на сиромашните започнала да им пречи на тамошните „господари.“

Причината за таков убиствен бес – објасни кардинал Амато – бил фактот што монахињата го проповедала евангелието на љубовта, и ги заштитувала сиромашните од неправдата на оние кои со измама присвојувале земја. Сестра Рани настојувала да ги одврати малите земјопоседници од самоубиство или пак од целосна беда, и тоа со конкретни иницијативи за соработка и микрокредити – рече кардиналот. Нејзината смртта имала силен одек, и по нејзиниот погреб се одржани јавни манифестации, со учество на илјадници луѓе од различни религии, а сите институции во државата Мадја Прадеш биле затворени во знак на жалост.

Имало знак на промена до која дошло по убиството на сестра Рани. Самандар Синг, нејзниот убиец во затворот се покајал и целосно се променил, што својот врв го има со прегратката за помирување, во 2002 година со сестра Селми Паол, сестра на убиената Рани Марија. Синг ја издржува казната, и тоа благодарение на семејството на жртвата која се ангажирало за негово пуштање на слобода. Сестра Селми Паол, за агенцијата AsiaNews неодамна изјавила дека Синг живее 30 километри далеку од нејзиниот манастир, кој тој често го посетува. А секоја година на годишнината од смртта на Рани Марија, оди на нејзиниот гроб, а на сестрите им подарува пченица од своето поле како симбол на обновен живот. Тоа е начинот на кој тој го навестува Божјото милосрдие – рече сестра Селми.

Но, што за мисијата во Удајнагар и за целата Католичка црква во Индија значи жртвата на сестра Рани Марија, земајќи во предвид дека Мадја Прадеш денес е една од тврдините на хиндуистичкиот интегрализам? Таа без сомнеж е благослов – одговори кардинал Амато. Голем број мисионери во неа пронаоѓаат вдахновение и заштита за својата тешка работа со цел за доброто – рече префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци и на крајот истакна дека мачениците отсекогаш ја правеле земјата плодна за генерациите нови христијани.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.