2017-11-14 11:23:00

Бангладеш со нетрпение го очекува Папата


Надежта за католиците во Бангладеш е дека посетата на Светиот Отец ќе обезбеди поголема сигурност за верските малцинства – рече за фондацијата „Црква во неволја“, патер Габриел Амал Коса, мисионер на Папскиот институт за надворешни мисии, по потекло од бискупијата на главниот град на Бангладеш, Дака.

Мисионерот напомена дека целиот бангладешки народ, вклучувајќи ги и муслиманите, се радува на посетата на папата Фрањо, која ќе се случи на 1 и 2 декември 2017 година, после првиот дел од патувањето кое ќе го помине во Мјанмар од 27-30 ноември. Христијанската заедница, која е само 0,3 % од вкупно 160 милиони жители на Бангладеш, нестрпливо го очекува доаѓањето на Светиот Отец и се надева дека папата Фрањо ќе ги повика локалните власти да овозможат поголема заштита на верските малцинства – стои во соопштението на спомнатата фондација.

После атентатот во Дака, во јули 2016 година живееме во страв и несигурност, рече мисионерот. Поради тоа се надеваме дека Папата ќе ни помогне во тој правец. Главни жртви од тој фанатизам се верските малцинства, но се погодени и „нерадикалните“ муслимани. Истовремено патер Габриел го истакна ангажирањето на партијата на власт во настојувањата да се ограничи екстремизмот и земјата да биде повеќе демократска.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.