2017-11-14 11:20:00

Папата: Верата и љубовта се услов за средба со Бог


Папата Фрањо во пладневниот наговор, на 12 ноември се обрати до собраните верници на плоштадот Свети Петар во Рим, потсетувајќи ги на Евангелието кое ова недела зборува за условот за да се влезе во Царството небесно и тоа го прави со параболата за десетте девојки: станува збор за придружници кои биле задолжени за примањето и придружувањето на младоженецот во текот на свеченоста венчание, а бидејќи во тоа време било вообичаено да се слави во ноќта, придружничките биле опремени со светилки.

Параболата – продолжи Папата – вели дека петте од нив биле мудри, а другите пет неразумни девојки: имено, мудрите земале елеј за светилките, неразумните не. Младоженецот задоцнил и тие сите задремале. На полноќ е најавено доаѓањето на младоженецот; во тој час неразумните девојки сфатиле дека немаат елеј за светилките и побарале од мудрите девојки. Но, тие одговориле дека не можат да им дадат, бидејќи тогаш ќе нема доволно за сите. Додека неразумните отишле да бараат елеј, пристигнал младоженецот; мудрите девојки со него влегуваат во салата за свеченост и вратите се затвораат. Неразумните девојки се вратиле премногу доцна, чукале на вратата, но одговорот бил: „Не ве познавам“ и останале надовр.

Што сака Исус да ни порача со ова парабола – праша Светиот Отец и продолжи да ја толкува : Нѐ потсетува дека мораме да бидеме подготвени за средба со Него. Исус често во Евангелието поттикнува на бдеење, а тоа го прави и на крајот од ова парабола со зборовите: „Бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот.“ Но, ова парабола ни зборува дека да бдееме не значи само да не спиеме, туку да бидеме подготвени, имено, сите девојки спиеле пред да дојде свршеникот, но кога се разбудиле едните биле подготвени, а другите не.

Па, во тоа е значањето да се биде мудар – нагласи папата Фрањо и додаде: Се работи за тоа дека не смееме да го чекаме последниот момент во нашиот живот за да соработуваме со милоста Божја, туку тоа треба да го направиме уште сега. Би било добро да размислуваме дека еден ден ќе биде последен. Ако тој е ден е денешниот, како се подготвив, подготвила? Треба ли да го направам ова или она... Треба да се подготвам како денес да е мојот последен ден: тоа е добро – рече светиот Отец.

Светилката е симбол на верата кој го осветлува нашиот живот, а елејот е симбол на љубовта која го храни, го прави плодно и веродостојно светло на верата – рече Папата и истакна дека условот да бидеме подготвени за средбата со Господ не е само верата, туку христијанскиот живот полн со љубов и грижа за ближниот. Ако дозволиме да нѐ водат нашите предности и удобности, нашиот живот ќе биде неплоден, неспособен да ги оживи другите и нема да се снабдиме со никаква залиха на елеј за светилката на нашата вера, и таа ќе згасне во моментот на Господовото доаѓање или дури порано.

Ако сме будни и настојуваме да правиме добро, дела на љубовта, меѓусебно споделување, служење на другите во потреба, можеме да бидеме мирни додека го чекаме доаѓањето на свршеникот – потврди светиот Отец и продолжи: Господ ќе може да дојде во било кој момент, па дури и додека спиеме, и смртта нема да нѐ исплаши, бидејќи имаме залиха на елеј, подготвени сме со добрите дела кои сме ги правеле секој ден. Верата ја надахнува љубовта, а љубовта ја чува верата.

Молејќи ја Дева Марија да ни помогне преку љубовта нашата вера да биде секогаш делотворна за нашата светилка да може да свети овде на земјата, а после тоа секогаш на свадбеното славење во рајот. Светиот Отец потсети на вчерашното прогласување за блажени во Мадрид, на Винкента Кералта Лорета и 20 другари маченици, и Хозе Марија Фернандез Санчез и 38 други маченици. Некои од новите блаженици биле членови на Конгрегацијата за мисии: свештеници, браќа помошници, искушеници; другите биле верници лаици членови на здружението на чудотворната медалка. Сите се убиени од омраза кон верата во текот на верскиот прогон во Шпанската граѓанска војна помеѓу 1936 и 1937 година.

На крајот папата Фрањо повика на благодарност до Бог за големиот дар на тие примерни сведоци за Христос и Евангелието, поздравувајќи ги семејствата, парохиите, здруженијата и верниците поединечно, сите кои се дојдени од целиот свет и се препорача во нивните молитви.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.