Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата донираше средства на ФАО за сиромашните семејства

Населението во Јужен Судан се соочува со се поголема хуманитарна криза - ANSA

15/11/2017 11:41

Канцеларијата за печат на Организацијата на обединетите нации за храна и земјоделство - ФАО, соопшти дека на семејствата во Јужен Судан кои страдаат заради глад ќе им биде доделена опрема за одгледување на овошје и зеленчук финансирана од донацијата на папата Фрањо. Опремата пристигнува во момент во кој се предвидува дека обезбедувањето на храната во следните месеци ќе се влоши.

Околу 5.000 семејства, односно повеќе од 30.000 луѓе во Јеиу во Централна Екваторија, покраина во Јужен Судан, неодамна добиле 25.000 евра кои Папата ги донираше на ФАО. Средствата се употребени за опрема и алати на подрачје на кое средствата за одржување на земјоделството се уништени во конфликтите. Опремата за одгледување на овошје и зеленчук за голем број луѓе е навистина одлучувачки фактор помеѓу животот и смртта – рече Серж Тисот, претставник на ФАО во Јужен Судан и додава дека благодарение на дарот на папата Фрањо многу луѓе можат да започнат да одгледуваат сопствена храна.

Во Централна Екваторија околу 145.000 луѓе живеат на критично ниво од несигурност за храна – стои во соопштението на ФАО, во кое потоа се објаснува – тоа е само еден степен во низата од нивото на меѓународната скала за криза предизвикана од гладот. Нивото на глад до тој опсег повеќе пати се појавил во други заедници во Јужен Судан, затоа што во конфликтите се уништени средствата за живот и ограничен е пристапот до агнециите за хуманитарна помош. Освен тоа многу големата инфлација за некои ја направи храната недостапна.

Се проценува дека во цел Јужен Судан, околу 4,8 милиони луѓе живеат во голема необезбеденост на храната. Освен тоа се предвидува дека таа состојба ќе се влоши на почетокот на следната година, и „периодот на глад“ кој започнува кога семејствата ќе ја потрошат целата храна пред следниот род,  а гладот ќе започне три месеци порано од обично.

РВ/к.мк

15/11/2017 11:41