Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Прв светски ден на сиромашните

Папата Фрањо руча со сиромашни (Блоња 1 октомври 2017 година) - RV

15/11/2017 10:04

Следната недела, 19 ноември 2017 година, ќе се одбележи Првиот светски ден на сиромашните кој го воспостави папата Фрањо, повикувајќи ја со тоа целата христијанска заедница да пружи рака на сиромашните, слабите, оние во потреба, мажите и жените чие достоинство се гази.

Во соопштението од Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, кој е организатор на спомнатиот настан, стои дека тој ден повеќе од 4.000 луѓе во потреба и сиромашни во придружба на персоналот на волонтерските здруженија од целиот свет ќе учествуваат на свеченото литургиско славење кое ќе го предводи папата Фрањо во базиликата Свети Петар со почеток во 10.00 часот.

По светата Литургија, 1.500 од нив ќе се сместат во аулата Павле VI каде ќе ручаат заедно со Светиот Отец. Останатите 2.500 ќе учествуваат на свечен ручек во католички мензи, семинарии и колегиуми во Рим. Сиромашните ќе ги служат 40 ѓакони од римската бискупија и околу 150 волонтери од други бискупии.

РВ/к.мк

15/11/2017 10:04