Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Кардиналот Пулиќ ги посети монашки заедници во градот Скопје

Кардиналот Пулиќ ги посети монашки заедници во градот Скопје - RV

22/11/2017 11:10

Во понеделникот, на 20 ноември 2017 година, на последниот ден од својата пасторална посета на Црквата во Македонија, надбискупот митрополит врхобосански кардинал Винко Пулиќ, ги посети монашките заедници во градот Скопје, во придружба на месниот епископ монс. др. Киро Стојанов, генералниот викар на врхобосанската надбискупија монс. м-р Лука Туњиќ и скопскиот парох дон Давор Топиќ.

По средбата со корисниците на народната кујна која ја водат сестрите Мисионерки на љубовта, кардиналот Пулиќ се сретна со сестрите кои на средбата го споделија со гостите искуството од својата мисија во работата со оние во потреба како и на полето на евангелизацијата. Во радосната атмосфера на заедништвото сестрите на крајот од средбата на гостите им подарија слика од света Мајка Тереза со нејзините пораки за да се живее љубовта.

Потоа во заедницата на сестрите Евхаристинки, кардиналот е запознаен со харизмата и мисијата која сестрите внатре во своите заедници и парохиите. Исто така го запознаа кардиналот со историјата на својата заедница, и во таа прилика му ја подарија книгата „Благородното дело на отец Јосиф и Еврозија Алоати“ која зборува за историјата на формирањето и животот на нивните заедници. Сестрите изразија благодарност за доаѓањето на свештеник од Сараево кои во последните три години ги предводи духовните вежби за нивната заедница, како и искуството кое го споделија со кардиналот по повод извршувањето на духовните вежби кај сестрите служителки на малиот Исус – сараевска провинција, истакнувајќи дека таа врска им е голема поддршка како мала заедница.

По повод средбата во женскиот Фоколар – Дело Мариино, фокаларините и брачниот пар (венчани фоколарини) се осврнаа на катехезата на кардиналот која ја одржа на средбата за богопосветените лица на тема заедништво, истакнувајќи ја радоста за упатените зборови, велејќи дека „кардиналот не дојде само да зборува за заедништвото, туку да го живее заедништвото со сите нас.“ Го споделија со кардиналот своето драгоцено искуство на полето на културата на дијалот и единството, информирајќи дека фоколарот ова година размислува за ликот на Марија, и во знак на благодарност му ја подарија книгата „Luce che si incarna“.

Средбата со сестрите Усмилинки на свети Винко Паулски - словенска провинција, започна со песна во капелата, и сестрите кратко го запознаа кардиналот со својата богата историја како и присуството во Македонија, најмногу работејќи во болниците. Исто така во духот на својата харизма го запознаа кардиналот со својата работа со сиромашните. Потоа гостите со сестрите ја посетија сестра Тереза.

Потоа во попладневните часови, Скопскиот бискуп Стојанов во придружба на своите соработници го испрати кардиналот Пулиќ на аеродромот „Александар Македонски“ во Скопје“ заблагодарувајќи му се на кардиналот за радосните настани на заедништво, како и татковските зборови и близината која Црквата во Македонија ја доживеа за време на неговиот престој.

к.мк

22/11/2017 11:10