Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Кардинал Пуљиќ се сретна со претседателот Иванов

Кардинал Пуљиќ се сретна со претседателот Иванов - RV

22/11/2017 10:51

Во Скопје на 18 ноември 2017 година надбискупот и митрополит врхбосански кардинал Винко Пуљиќ за време на својот пасторален поход во Македонија се сретна со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Во придружба на кардинал Пуљиќ беше месниот бискуп монс. д-р Киро Стојанов, Генералниот викар на врхбосанската надбискупија м-р Лука Туњиќ и скопскиот парох дон Давор Топиќ.

По поздравниот говор на претседателот Иванов, кардиналот се присети на прекрасниот евхаристиски настан по повод благодарната света Миса за канонизацијата на света Мајка Тереза на 11 септември 2016 година на плоштадот Македонија во Скопје, каде кардиналот беше во својство на делегат на Светиот Отец папата Фрањо. Се заблагодари на претседателот за неговата максимална поддршка и што беше генерален покровител на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза во Скопје“. Исто така се заблагодари што Македонија ја почитува ќерката на овој град и што таа продолжи да живее преку разни настани.

Кардиналот се осврна и на минатата политичка криза која ја доживеа Македонија, нагласувајќи ја важноста да продолжи да се чува единството на својот народ и држава. Исто така истакна дека денес светот живее во чудни светски движења и ситуации и изрази надеж дека Македонија ќе има сила да ги зачува моралните вредности, нагласувајќи ја важноста за прием во ЕУ, но и дека таа интеграција не смее да ја проголта вредноста на бракот и семејството.

Кардиналот го запозна претседателот за големиот настан и важност од доаѓањето на Светиот Отец папата Фрањо во Сараево и го сподели искутвото од подготовка на таков настан, кое го доживеа босанско-херцеговското општество, што допринесе за позитивен одек и единство во организацијата меѓу разни структури во општеството.

Кардиналот го сподели и своето искуство од работата на Меѓурелигискиот совет во БиХ и неговото важно послание за дијалог и соживот, истакнувајќи ја и улогата на военото душогрижништво, како и важноста на веронауката во училиштата.

Претседателот Иванов истакна дека Македонија има длабока традиција на почит кон различните верски заедници, како и плодна соработка со Католичката црква и нејзината конструктивна улога како столб за меѓунационалната и меѓурелигиска коегзистенција. Претседателот истакна дека граѓаните на Скопје се горди што живеат во родниот град на Света Мајка Тереза, место во која таа ја стекна добрината, место во која се негува почитта кон различноста. Соговорниците исто така разменија мислења и за актуелните случувања во земјата.

к.мк

22/11/2017 10:51