Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата: Културната колонизација завршува со прогонство

Светиот Отец служи света Литургија домот Света Марта (Ватикан, 5.10.2017)

22/11/2017 11:03

Културната и идеолошката колонизација не поднесуваат разлики, правејќи сѐ исто, а резултура со прогон, дури и на верниците – истакна папата Фрањо во својата проповед на светата Литургија на 21 ноември 2017 година, која ја служеше во домот Света Марта.

Во своето размислување се фокусираше на мачеништвото на Елеазар кое е опишано во денешното прво читање од Втората Книга Макавејска. Елеазар умира за време на владеењето на царот Антиох IV Епифан затоа што не сакал да се откаже од Божјиот закон. И додека другите припадници на неговиот народ под влијание на новиот владетел ги отфрлувале своите традиции и уверувања, Елеазар јуначки се откажал од животот, покажувајќи се достоен за својата старост и на младите им оставил добар пример како за почитуваните и свети закони треба подготвено и великодушно да се изложи на смрт (2Мак 6, 27-28).

Папата во проповедта рече дека постојат три основни видови на прогон: едниот првенствено е верски прогон; вториот вид е верско-политички како триесетгодишната војна или Вартоломејската ноќ; додека третиот вид прогон е чисто „културен“, имено кога доаѓа нова култура која сака сѐ да направи ново и да ги отстрани традициите, историјата и веросиповедта на еден народ. Токму на таков вид на прогон бил изложен Елеазар кој е осуден на смрт заради својата верност на Бог.

Вчера започна раскажувањето за тој културен прогон – рече Светиот Отец – кога некои од народот ја виделе моќта и величествената убавина на Антиох IV Епифан, размислувале за тоа како да склопат сојуз за да станат модерни. Затоа преземале иницијатива и отишле кај царот кој им дозволил да живеат според паганските обичаи. Не според идеите, ниту според боговите, туку според обичаите – рече Папата. На тој начин народот кој израснал со законот Господов дозволува новата култура, новите обичаи да влезат, отстранувајќи сѐ: културата, верата, законот.

Тоа модернизирање, правење сѐ ново – нагласи Светиот Отец – е вистинска идеолошка колонизација која на Израелците сака да им ја наметне таа единствена пракса врз основа на која сѐ се прави на одреден начин и нема слобода за другите работи. Некои ја прифаќаат таа модерност затоа што им изгледа нешто добро и така ја отстрануваат традицијата и народот започнува да живее на поинаков начин – рече папата Фрањо.

Но, за да се одбрани вистинската традиција на народот, се создава отпор, како оној на Елеазар, чесен човек кој го почитувале сите. Книгата за Макавејците ја пренесува приказната за тие маченици, за тие јунаци. Прогонот кој се создава од идеолошката колонизација секогаш се одвива на ист начин: уништува, така што се сака сѐ да се направи исто и не е способен да поднесува разлики – рече Папата. Започнувајќи од вчерашното читање, според мислењето на Папата клучниот збор „грешна фиданка“, односно Антиох Епифан. Фиданка која во народот Божји со сила воведува нови, пагански, светски обичаи.

Тоа е патот на културната колонизација – рече папата Фрањо – која завршува исто така со прогонство на верниците. Не треба да гледаме далеку за да пронајдеме примери за тоа. Мислиме само на геноцидите од минатиот век, кои во културна смисла биле нови. Сѐ да се направи исто, без место за разлики, без место за другите, без место за Бог. Тоа е грешна фиданка. Соочен со таквата културна колонизација, која потекнува од грешноста на идеолошкиот корен, самиот Елеазар станува корен – истакна Светиот Отец.

Елеазар го жртвувал својот живот за младите – продолжи Папата – го дал својот живот од љубов кон Бог и кон законот. Така станал „корен за иднината“, додека другите тргнале по „новоста“ на царот Антиох. Папата објасни дека не се сите новости лоши, имајќи го на ум Исус и Евангелието, но потребно е расудување за да се раздели плевелот од пченицата.

Треба да се знае да се расудува новоста – продолжи Светиот Отец. Доаѓа ли таа новост од Господ, од Светиот Дух, од Божјиот корен или од грешна фиданка? Порано не смеело да се убива деца, а денес тоа не е проблем: тоа е грешна новост! Порано разликите биле јасни, како што Бог ги создал, созданието се почитувало; но денес ние пак сме модерни... „Работите не се разликуваат толку“... и тогаш тие се мешаат – предупреди папата Фрањо.

Божјата новост напротив никогаш не преговара, и таа во предвид го има времето, а не само моментот – рече Папата, отфрлајќи ги со тоа модата на наводната модерност. Идеолошката и културна колонизација – продолжи Светиот Отец – ја гледа само сегашноста, го негира минатото и не гледа во иднината. Живее во моментот, не во времето и затоа не може ништо да ни вети. Таквото однесување сѐ да се направи еднакво и да се поништат разликите е тежок грев на богохулство против Бог Создателот. Секој пат кога ќе дојде до таква идеологизација се греши против Бог Создателот затоа што се настојува да се промени созданието како што Тој го создал. А против тој грев постои само еден лек: сведоштво односно мачеништво.

Елеазар со тоа на себе преземе саможртва мислејќи на иднината, на споменикот на своето сопствено сведоштво кое станало ветување на плодноста за младите. Така тоа станало корен кое дава живот на другите. Папата Фрањо на крајот повика пред очи да го ставиме примерот на Елеазар за да ни помогне во моментите на збунетост пред културната и духовната колонизација која ни се нуди.

РВ/к.мк

22/11/2017 11:03