Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Папата ручеше со 1500 сиромашни и луѓе во потреба

Папата ручаше со сиромашните; Ватикан сала Павле VI ; 19 ноември 2017 година - REUTERS

22/11/2017 10:55

По пладневниот наговор на 19 ноември 2017 година, папата Фрањо во салата Павле VI ручаше со 1.500 сиромашни и луѓе во потреба, заедно со персоналот на волонтерските здруженија од целиот свет. Најпрво сите присутни ги поздрави надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање нова евангелзиација, а веднаш потоа Светиот Отец упати краток поздрав и молитва.

Добре дојдовте! Да се подготвиме заедно за овој момент – рече Папата – секој од нас со срце полно со добра волја и пријателство кон другите, делејќи го ручекот и посакувајќи си еден на друг сѐ најдобро. Сега да го замолиме Господ да го благослови ова јадење и оние кои го подготвиле; нека нѐ благослови сите нас, нашите срца, нашите семејства, нашите желби, нашиот живот, и нека ни подари здравје и сила – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

22/11/2017 10:55