Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Почина првиот нунциј во Светата Земја

Kардинал Андреј Кордеро Ланца ди Монтеземола - ANSA

22/11/2017 10:12

Папата Фрањо го изрази своето сочувство за кардинал Андреј Кордеро Ланца ди Монтеземола, висок дипломат, кој почина на 92 годишна возраст во Рим, во телеграмата до неговата сестра маркизата Адријана ди Монтеземола.

Во телеграмата папата Фрањо го изразува својот „искрен восхит на тој почитуван човек во Црквата“, кој искрено го живеел својот долг и плодоносен свештенички и епископски живот во служба на Евангелието и Светиот Престол.“

Папата спомнува „со благодарност за неговата долга дипломатска кариера во папските претставништва по светот,“ посебно во Папуа Нова Квинеја, Никарагва, Хондурас, Уругвај, Израел и Италија, каде што „мудро се посветува за доброто на тие народи.“ „Како архиереј на базиликата Свети Павле надвор од ѕидините“ – пишува Папата – кардинал Монтеземола сведочи со интензивна и компетентна дејност, како од пастирска, така и од уметничко-културна гледна точка, со желба да ја врати духовната виталност на целиот комплекс и да даде нов стимул за екуменски повик на тоа културно место.“

Блажениот кардинал е роден во Торино, 1925 година, син на Џузепе Кордеро Ланца ди Монтеземола кој во 1944 година, во нацистичката одмазда е стрелан во Адреатинските јами во Рим. На 14 октомври минатата година, папата Фрањо неочекувано ја посети болницата „Вила Бетанија“ во Рим каде што беше кардиналот.

Кардинал Монтеземола има огромен придонес за дипломатијата на Светиот Престол. На него се должи обновувањето на преговорите за нормализирање на односите меѓу Светиот Престол и Израел и потпишувањето на Главниот договор , со кој се признава „уникатната природа  на односите помеѓу Католичката црква и еврејскиот народ“ и на „историскиот процес на помирување, взаемно разбирање и пријателство меѓу католиците и Евреите.“ Поради тие заслуги е назначен за прв апостолски нунциј во Израел (1994 – 1998).

Погребните обреди ќе се одржат на 21 ноември, во ватиканската базилика. Литургијата ќе ја предводи кардинал Џовани Батиста Ре, заменик декан на Кардиналскиот колегиум, а на крајот папата Фрањо ќе се прости од покојниот кардинал и во молитвата ќе ја препорача на Бог неговата душа. По смртта на кардиналот Андреј Кордеро Ланца ди Монтеземола, Кардиналскиот колегиум има 217 кардинали, од кои 120 со правото за избор на папа.

РВ/к.мк

22/11/2017 10:12