Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Соопштение од УНЦЕФ за Светскиот ден на детето

УНИЦЕФ објави истражување за Светскиот ден на детето. - AFP

22/11/2017 11:50

Според новото истражување на УНИЦЕФ, објавено по повод Светскиот ден на детето, и покрај постигнатиот напредок на глобално ниво, секое 12 дете во светот живее во земји во кои нивните моментални можности се полоши од оние какви што ги имале нивните родители.

Според тоа истражување 180 милиони деца живеат во 37 земји во кои, во однос на времето пред 20 години, имаат поголема веројатноста дека ќе живеат во крајно сиромаштво, дека нема да одат во училиште или ќе умрат на насилен начин.

Истражувањето на УНИЦЕФ кое ги преиспитало можностите децата кои сакаат да излезат од крајното сиромаштво, кои сакаат да добијат основно образование и да побегнат од насилна смрт, покажало дека процентот на луѓе кои живеат со помалку од два долари (1,90) на ден е зголемен во 14 земји, меѓу кои се Бенин, Камерум, Мадагаскар, Замбија и Зимбабве. Причината за тоа зголемување се нередите и конфликтите или лошото управување на оние кои се на власт во тие земји.

Процентот за упис во основно училиште, заради финансиска криза, брз пораст на населението и влијанието на конфликтот, опаднал во 21 земја меѓу кои се Сирија и Танзанија. Процентот за насилна смрт на децата и адолесцентите до 19 години, е зголемен во 7 земји: во Централно Африканската Република, Ирак, Либија, Јужен Судан, Сирија, Украина и Јемен, а сите тие се земји кои поминуваат низ големи конфликти.

„Иако последната генерација деца беше сведок на големи резултати, кои никогаш не биле постигнати до сега, во однос на животниот стандард на мнозинството деца во светот, факт е дека еден мал дел деца се исклучени од тоа – не заради нивна или родителска грешка – тоа е страшно“ изјави Лоренс Чанди директор на Одделот за податоци од истражување и политика на УНИЦЕФ и додаде: „Надежта на секој родител, насекаде во светот, е на своите деца да им даде поголеми можности од оние кои тие ги имале како млади луѓе. На овој Светски ден на детето мораме да бидеме свесни дека многу деца кои наместо да гледаат како нивните можности и перспективи за иднината се зголемуваат, доживуваат како тие се намалуваат.

РВ/к.мк

22/11/2017 11:50