Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Средба на кардиналот Пулиќ со богопосветените лица

Кардинал Пуљиќ со богопосветените лица во Македонија - RV

22/11/2017 10:49

Во сабота, на 18 ноември 2017 година за време на својата пасторална посета на Црквата во Македонија надбискупот митрополит врхобосански кардинал Винко Пулиќ во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје се сретна со богопосветените лица кои живеат и делуваат во Македонија.

На самиот почеток добредојде на кардиналот Пуљиќ му искажа Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија истакнувајќи:  Се радувам што сме заедно во името Господово. Се радувам на оваа духовна обнова во ова наша Катедрала. Се радувам што со нас е Неговата Еминенција – наш надбискуп и митрополит – Винко кардинал Пулиќ. Од името на сите вас и од свое име срдечно го поздравувам. Господине Кардинале, добро ни дојдовте и овој пат во нашето и Ваше Скопје! Секоја Ваша посета за нас е благословена и значајна. Благословена, бидејќи ни доаѓате како наш Митрополит, наш надбискуп – како свој кај своите. Вашето доаѓање е благословено, бидејќи сте надпастир и на оваа стадо верници, на оваа црковна покраина, која е суфрагана на Вашата митрополитанска Црква. Свесни сме дека сме во заедиништво со целата Католичка црква, а преку Вашата личност – кардинал на светата Црква –уште повеќе и подлабоко сме поврзани со личноста на Неговата Светост папа Фрањо. Некако сме сигурни со Вас дека сме во директно, милосно заедништво со Црквата на која во љубовта претседава Римскиот бискуп.

Потоа кардиналот Пулиќ се заблагодари за срдечните зброви за добредојде на епископот Стојанов, поздравувајќи ги сите присутни, не криејќи ја радоста за своето доаѓање во Македонија.

Потоа кардинал Пуљиќ одржа катехеза на тема: Заедништво. „Сакам со вас да го поделам тоа единство и затоа со големо задоволство сакам да зборувам на тема заедништво. Овој световен дух сака да го уништи нашето единство, најсветиот дар сака да го уништи – единството во семејствата. Постои чуден чин на уништување (...) постои уништување на човекот преку криминалот на гревот.... како би го уништил одвнатре. Исус ни остави завет, како нешто најсвето, а тоа е да се молиме сите да бидеме едно. Тоа е дар на Воскреснатиот Господ и во него е изворот на зедништвото.

На пријатната средба, присутните имаа можност да му постават на кардиналот Пулиќ прашања и да разменат искуство за животот во заедницата. Потоа кардиналот го предводеше Евахаристиското славење, и следуваше заедништвото околу семејната трпеза.

к.мк/д.д.т

22/11/2017 10:49