2017-11-22 10:59:00

Кардинал Пуљиќ се сретна со корисници на народната кујна


За време на пасторалната посета на Црквата во Македонија во понеделник 20 ноември 2017 година, надбискупот и митрополит врхбосански, кардинал Винко Пуљиќ се сретна со корисниците на народната кујна, водена од сестрите Мисионерки на љубовта во Скопје, како одговор на Светскиот ден на сиромашните, кој се одбележа во недела 19 ноември.

Средбата беше во знак на зборовите од Папата: „Раце кои носат надеж“, односно зборови земени од пораката на Папата по повод повикот за одбележување на Светскиот ден на сиромашните.

Во придружба на кардинал Пуљиќ беше и месниот бискуп монс. Киро Стоајнов, генералниот викар на врхбосанската надбискупија монс. Лука Туњиќ и скопскиот парох дон Давор Топиќ.

Откако бискупот Стојанов ги поздрави корисниците на народната кујна и ги претстави на кардиналот Пуљиќ, кардиналот рече: Тука секој ден можете да гледате и да искусите како ви се отвораат и пружаат христијанските раце на надеж на нашите сестри и волонтерки. Народната поговорка вели: не е богат оној кој има многу, туку кој е задоволен со малку. Во тој дух сакам да ве охрабрам, за отвореност и благодарност со љубов кон оние кои ви помагаат. Изразувам радост за заедништвото со сите вас, бидејќи секој човек е вреден и е Божји дар.

Корисниците на народната кујна ја изразија својата благодарност кон кардиналот, говорејќи дека оваа средба за нив е пријатно изненадување да се види еден кардинал и во знак на љубов испеаја една богородична песна.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.