2017-11-22 11:13:00

Кардиналот Пуљиќ се сретна со поглаварот на МПЦ -ОА г.г. Стефан


На 20 ноември 2017, за време на својата пасторална посета на Црквата во Македонија надбискупот и митрополит Врхбосански кардиналот Винко Пуљиќ се сретна со Архиепскопот Охридски и Македонски г.г. Стефан во зградата на православната архиепископија во Скопје.

Во придружба на кардиналот Пуљиќ беше месниот бискуп монс. Киро Стојанов, генералниот викар на Врхбосанската надбискупија монс. Лука Туњиќ и скопскиот парох дон Давор Топиќ.

Во пријатната и пријателска средба соговорниците разменија искуства за своите мисии и заземањето за навестувањето на Радосната вест на евангелието. Кардиналот исто така го сподели искуството за работата, воспитанието за културата на дијалогот низ институцијата Меѓурелигиски совет на Босна и Херцеговина со седиште во Сараево. Се осврна и на фунцкионирањето на моделот на воено душегрижништво, католичките училишта како и веронаука во училиштата во БиХ. Архиепископот Стефан го запозна кардиналот со скапоценоста на монаштвото на Македонската Православна Црква, богословскиот факултет како и прашањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.