2017-11-22 11:20:00

Папата во Бангалдеш во знакот на мирот и прошката


Папата Фрањо со нетрпение очекува да се сретне со населението на Бангладеш, кое ќе го посети од 30 ноември до 2 декември. Во видео-пораката, папата Фрањо упатува пријателски поздрав до населението на таа азиска земја и ја објаснува целта на својата посета:

Доаѓа како слуга на Евангелието на Исус Христос, за да го навестам неговото послание за помирување, прошка и мир. Намерата на оваа посета е да ја утврдам во верата католичката заедница во Бангладеш и нејзиното сведочење на Евангелието; кое ни го покажува достоинство на секој маж и жена и нѐ повикува да ги отвориме срцата за другите, посебно за сиромашните и оние во потреба.

Истовремено сакам да се сретнам со целиот народ. Со нетрпение ја очекувам средбата со верските лидери во Рамина. Живееме во време, во кое верниците и луѓето со добра волја се повикани насекаде да поттикнуваат взаемно разбирање и почитување и да се поддржуваат взаемно како членови на едно човечко семејство.

Знам дека многу луѓе во Бангладеш учествуваат во подготовката за мојата посета, за што им се заблагодарувам. Сакам да се молете, деновите во кои ќе бидам меѓу вас да бидат извор на надеж и охрабрување за сите. Повикувам за сите вас и за вашите семејства Божји благодати на радоста и мирот! Се гледаме наскоро!

Пред Бангладеш, папата Фрањо ќе го посети Мјанмар од 27 до 30 ноември.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.