2017-12-05 10:26:00

Три проекти како божиќен подарок за христијаните во Алепо


Со првиот проект ќе се овозможи поддршка на проектот „Голтка млеко“, со кој се гарантира млеко во прав за 2.850 деца под 10 години. Апостолскиот викар во Алепо и референт на проектот, Георгес Абу Хесен, објаснува дека „тој дар не е само што ќе им овозможи на децата, кои се првите жртвите на конфликтот, да растат здрави и силни, но им дава и на родителите спокојство што можат повторно да им дават на децата млеко – храната која поради силната девалвација на сириската фунта, денес има многу висока цена за повеќето семејства.

Вториот проект е во полза на болницата „Свети Лудвиг“, која е доверена на сестрите од католичката институција „Свети Јосиф на Објавата“ (сестри Јозефинки). Папската фондација ќе придонесе за купување на медицински материјали и генератори на електрична енергија, кои ќе овзможат апаратите да функционираат и при ненадеен недостаток на струја, што сѐ уште се случува во Алепо.

Третиот божиќен подарок ќе овозможи реновирање на детскиот дом на сестрите од „Дева Марија на постојана помош“, разрушен од војната. „Откако ќе започне да функционира, најмалку 50 деца ќе можат повторно да си играат и да имаат место каде да растат, и тоа во мир,“ е тврдењето на директорот на „Помош на Црквата во потреба“ во Италија, Алесандро Монтедуро, кој додава дека „бомбите и битките кончено престанаа, но останува уште многу да се направи во измачениот град, некогаш бастион на христијанството во Сирија. Проектите навистина се од голема важност. Тие ќе обезбедат храна, здравје и образование.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.