2017-12-15 13:23:00

Заштитувајте го достоинството на човекот


После катехезата која ја одржа на Генералната аудиениција на 13 декември 2017 година, папата Фрањо, се обрати до учесниците на форумот на невладини организации со католичко вдахновение, кој овие денови се одржува во Рим

Папата рече дека работата „во духот на заедништвото и соработката“ со сите католички невладини организации и преставници на Светиот Престол е знак на „ангажирањето на Црквата за градење на праведен и одговорен свет.“ Притоа изрази длабока благодарност за нивните напори светлината на Евангелието да ја донесат до различни периферии на нашиот свет за да го бранат достоинството на човекот, да промовираат целосен развој на народите и да ги исполнат материјалните и духовните потреби на многу членови на нашето човечко семејство.

Исто така Светиот Отец посебно ги поздрави сестрите од Дружбата Пресвето Срце и сестрите Мисионерки на Дружбата Мариина кои ходочастеа на гробовите на апостолите и им посака тоа да им биде прилика за раст во Божјата љубов за нивните заедници да станат места каде може да се искуси заедништвото и посланието.

На крајот папата Фрањо ги поздрави и сите млади, болни и млади брачни парови. Потсетувајќи ги дека денес ја славиме света Луција, девица и маченица, ги повика младите да размислуваат за големината на љубовта кон Исус, кој се роди и умре за нас; болните ги охрабри да го прифатат страдањето и да го принесуваат за преобраќање на грешниците; а младите брачни парови повеќе да молат за нивниот живот да стане пат на христијанската совршеност.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.