Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата ја предводеше Вечерната молитва и Te Deum

Папата Фрањо ја држи монстранцата за време на Te Deum - REUTERS

02/01/2018 15:30

Светиот Отец на Старата година, во предвечерието на празникот Марија Богородица ја предводеше Вечерната молитва во базиликата Свети Петар, зборувајќи за својата благодарност за многуте начини на кои римските граѓани во текот на минатата година делувале за да го промовираат општото добро на градот.

Славењето заврши со пеењето на традиционалото Te Deum, по што папата Фрањо излезе надовор и помина неколку моменти поздравувајќи ги присутните и молејќи се пред јаслите на плоштадот Свети Петар.

Папата во својата проповед за време на Вечерната молитва започна да размислува за „полнотата на времето“ кога Словото стана тело преку раѓањето на Христос Младенецот. Марија, Мајка Божја или Theotokos - Богородица, како што ја нарекуваат во источниот свет, прва го доживеала чувството на полнотата – рече папата Фрањо – додека нејзиното понизно срце и нејзиното цело битие било заситено со Светиот Дух. Црквата од Марија наследува внатрешна перцепција за полнотата која го храни чувството за благодарност како единствен човечки одговор на Божјиот голем дар за нас – рече Светиот Отец и продолжи: Во тој дух да ја воздигнеме до Бог нашата благодарност за изминатата година.

Додека гледаме назад на 2017 година – рече папата Фрањо – мораме да препознаеме многу начини на кои сме ги потрошиле и раниле Божјите дарови со дела на смртта, лагите и неправдите. Војните се без сомнеж знак на тоа назадување и на апсурдната гордост, но тука се исто така малите и големите престапи против животот, вистината и солидарноста кои предизвикуваат разни облици на човечка, општествена и еколошка деградација.

Светиот Отец исто така ја изрази својата благодарност до сите оние луѓе кои живеат и работат за општото добро во градот Рим, настојувајќи да ја извршуваат својата должност, почитувајќи ги јавните места, истакнувајќи ги работите кои се погрешни и обраќајќи внимание на старите или на оние во тешкотии. Посебно ја пофали работата на сите родители, учители и воспитувачи кои настојуваат да ги воспитуваат децата и младите луѓе со граѓанска свест и етичка одговорност. Иако не се предмет на вестите – заклучи папата Фрањо – тие се мнозинството од римското население, настојувајќи да направат многу, иако многумина живеат во тешки економски услови.

РВ/к.мк

02/01/2018 15:30