2018-01-02 15:30:00

Безгрешното зачнување на Богородица стана државен празник


Филипинските католици ја поздравуваат одлуката на претседателот на Родриго Дутерте кој го потпиша декретот со кој 8 декември, односно празникот на Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица се прогласува за национален празник.

За да им се овозможи славењето на тој празник на граѓаните, владата предвидува затворање на училиштата и канцелариите во целата земја. Претставничкиот дом го одобри нацрт законот на 2 мај ова година, а Сенатот на 11 декември. Законот ќе стапи во сила 15 дена по неговото објавување во филипинските народни весници.

Одредбата на претседателот претставува праведно признавање на Пресвета Богородица за наша заштитничка – рече во разговор за агенцијата AsiaNews, Рамон Ф. Сантијаго, член на лаичкото движење „Парови за Христос.“ Исто е мислењето и на Бамби Сугутан Лозано, лаик од парохијата „Свети Рок“ во Сампалоц во надбискупијата во Манила: Среќен сум што претседателот ја зема во предвид љубовта на Филипинците кон Пресвета Богородица. Таа одлука требаше да се донесе одамна – рече – Слиз Вилегас, лекар специјалист за ортопедски импланти: Ако ја славиме Задушница или Денот на хероите како национален празник, зошто исто така не би можеле да го славиме и празникот на Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица? Праведно е што Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица сега стана национален празник. Тој е нашиот начин за благодарење и пофалба на Мајка Марија.

Додаваме на крајот дека Филипините поголем дел е католичка земја, поточно католиците се околу 80% од вкупното население на таа азиска земја, а празникот на Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица го сметаат за главен заштитник на земјата. И пред донесувањето на законот, додека 8 декември сè уште беше работен ден, Црквата ги повика верниците да учествуваат на верските служби, а образовните институции на земјата по повод тој празник ја напуштаа наставата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.