2018-01-02 15:30:00

Папата: На сите нас ни е потребно мајчинско срце


Мајка Божја е своерачниот Божји потпис на човештвото – рече папата Фрањо за време на свеченото литургиско славење во базиликата Свети Петар по повод празникот света Марија Богородица, на 1 јануари 2018 година.

Нејзиното почитување не е само духовно правило на однесување, туку неопходност во христијанскиот живот. Погледот на мајката нè поттикнува да го отфрлиме непотребниот товар и повторно да го откриеме она што е важно – рече Папата и продолжи: Мајчиниот дар, дарот на секоја мајка и на секоја жена е толку скапоцен за Црквата, затоа што е Мајка и Жена. Додека мажот често се воздржува, поставува трвдења и наметнува идеи, жената и мајката е во состојба да чува, во срцето да поврзува и да оживува. За нашата вера да не стане само идеја или само наука, на сите нас ни е потребно мајчинско срце кое ја чува Божјата нежност и кое ги чувствува човечките отчукувања на срцето.

Во својата проповед Папата размислување за димензиите на таквата милосрдна Црква која слуша. Кога Господ во Марија стана човек, Бог повеќе не постои без своето човештво – рече Светиот Отец свртувајќи го својот поглед на Исусовото овоплотување: Човечкото тело, кое Исус го примил од својата мајка, сега е негово тело и засекогаш тоа ќе биде. На тоа се присетува кога ќе кажеме на Мајка Божја: Бог е блиску до човештвото како детето до својата мајка која го носи во својата утроба.

Во Марија, Мајка Божја се направи мал – продолжи папата Фрањо – стана материја за да биде како нас, а не само со нас. Тоа е чудо, новост! Човекот повеќе не е сам, тој повеќе не е сираче, туку засекогаш е дете. Господ започнува со таа новост. Од таа утеха, од тој доказ на љубовта може да се изведе ставот за луѓето – рече Папата – ставот за заштита на животот, служењето на животот кој се состои во тоа да се прифати, сака и поддржува секој живот од мајчината утроба до длабоката старост, како и оној кој страда и кој е болен, до непријатниот па дури и до одбивен живот.

Осврнувајќи се на Евангелието од денот, Светиот Отец зборуваше за крепостите на Марија: Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое (Лк 2, 19) Прво се допре до зборот „пазеше“ и рече дека божиќниот извештај не ни донесува ниту еден збор на Марија. Таа е во тишина и во едноставноста го чува Словото Божјо и налогот. Во тоа денес треба да се загледаат верниците. Тоа молчење ни зборува – продолжи Папата – дека и нам ни е потребна тишината ако сакаме нешто да сочуваме. Неопходно е во тишина да ги набљудуваме јаслите. Ако секојдневно одвоиме неколку моменти во тишина за да бидеме со Бог, ќе ја сочуваме својата душа, ќе ја сочуваме својата слобода од нагризувањето на баналноста на потрошувачката и од задушувањето со рекламите, ќе ја сочуваме душата од ширењето на празните зборови и огромниот бран на празен разговор и врева.

Втората крепост на Марија е „прибирањето“. Марија ги прибира радоста и болката, надежта и стравовите, светлината и сенката, размислувала, во своето срце, ги предала на Бог без огорчување, без повлекување во самата себе – рече папата Фрањо. Така ги чувала тие работи. Да ги чуваме работите така што ќе ги доверуваме: така што животот да не го препуштаме на стравот и неволјата или празноверието; така што нема да се затвораме во самите себе или да се стремиме да заборавиме, туку да претвориме сè во дијалог со Бог. И тогаш доаѓа Бог на Кој сме му на срцето за да се всели во нашиот живот.

Светиот Отец пред крајот напомена дека тајната на Мајка Божја е тивко да се чуваат сите работи и да се изнесуваат пред Бог, а како што Евангелието ни пренесува, тоа се случувало во нејзиното срце. Срцето нè поттикнува да го свртиме погледот на сржта на личноста, на нејзините чувства и животот. Срцето на Мајка Божја е центарот од кој започнуваме одново: Во нејзиното срце чука срцето на Црквата. Денешниот празник ни зборовува дека ако сакаме да напредуваме, мораме да се вратиме назад: да започнеме од ново од јаслите, од Мајката која во рацето го држи Бог – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.