2018-01-11 10:34:00

„Да“ на тишината, не на „брзањето за време на светата Миса


Да“ за молчењето за време на светата Литургија и „не“ за брзањето – тоа е размислувањето на папата Фрањо на првата Генерална аудиенција во оваа година, која ја одржа на 10 јанаури 2017 година во салата Павле VI. во Ватикан, со што продолжи со серијата катехези за светата Миса. Во својата седма катехеза се задржа на темата „Слава на Бога во висините и соборната молитва“. Папата на почетокот потсети дека во досегашната серија катехези за евхаристиското славење имавме можност да видиме дека покајничкиот чин ни помага да ја отфрлиме нашата замисленост, а исто така ни помага да му се прикажеме на Бог, онакви какшто што сме навистина, свесни дека сме грешници, со надеж дека ќе ни биде простено.

Токму од средбата на човечката беда со Божјото милосрдие произлегува благодарноста која е изразена во „Слава на Бога во висините“, многу стара и убава химна, со која Црквата, собрана во Светиот Дух, го слави Бог Отецот и Јагнето и му се моли (сп. Општа уредба на Римискиот мисал, 53) – рече Светиот Отец и продолжи: Почетокот на оваа химна, Слава на Бога во висините, продолжува со химна на ангелите во моментот кога Исус е роден во Вителеем, радосно навестување за прегрнување на небото и земјата. Оваа химна нѐ вклучува и нас присутните, собрани на молитва: „Слава на Бога во висините и она земјата мир на луѓето со добра волја“.

Папата напомена дека после „Слава“ или кога таа се изоставува, веднаш после покајничкиот чин, посебен облик зема молитвата наречена „Соборна молитва“, со која се изразува природата на славењето, а која варира зависно од деновите од времето во годината. Папата Фрањо рече дека со повикот „да се помолиме“ свештеникот го поттикнува народот заедно со него да се соберат во мометжнт на тишина за да бидат свесни дека се наоѓаат пред Бог и дека во себе може да ги искажат своите молитви (исто, 54). Свештеникот вели „да се помолиме“, потоа следува момент на тишина, и секој размислува за работите кои му се потребни, кои сака да ги побара во молитвата – рече Папата.

Тишината не се сведува на отутност на зборови, туку не прави способни да слушаме други гласови: на моето срце, и пред сѐ гласот на Светиот Дух – рече Светиот Отец, додавајќи дека во Литургијата, природата на светата тишина зависи од моментот во кој се наоѓаме на славењето: Поединци ќе се соберат во себе за време на покајничкиот чин и после повикот на молитва, кога ќе заврши читањето или хомилијата, кратко ќе размислува за она што сме го слушнале, а после причеста ќе се заблагодари и ќе го моли Бог во своето срце (исто,45) Според тоа пред соборната молитва, молчењето ни помага да се собереме во самите себе и да размислиме зошто сме тука – рече папата Фрањо.

Ете зошто е важно да се слуша нашата душа и потоа да се отвори за Господ. Можеби доаѓаме после некој напор, радост, жалост и сакаме тоа да му го кажеме на Господ, да го повикаме на помош, да го замолиме да ни биде близу. Имаме членови на семејства и пријатели, кои се болни или кои поминуваат низ тешки искушенија. Сакаме на Бог да му ја довериме судбината на Црквата и светот – напомена папата Фрањо и рече дека за тоа ни е потребна кратка тишина, пред свештеникот, собирајќи ги наканите на сите поединци, со силен глас, во име на сите, да ја измоли соборната, заедничката молитва, која вклучува воведни обреди, „собирајќи“ ги така наканите во една соборна молитва. Светиот Отец им препорача на свештениците да се држат до тој момент на тишина и да не брзаат, бидејќи без тоа молчење ризикуваме да ги занемариме собраните души.

Потоа папата Фрањо објасни дека свештениците ја молат соборната молитва со подигнати раце, имитрајќи го така Христос со раширени раце на дрвото на крстот. И таму, Христос истовремено е молител и молитва! – истакна Папата и додаде: Во Распнатиот го препознаваме свештеникот кој на Бог му нуди угодно богослужение, односно синовска послушност.

Во Римскиот обред молитвите се кратки, но полни со значење, и можат да се направат многу убави размислувања врз основа на молитвата – рече Светиот Отец. Поради таа причина размислувањето за тие текстови и надвор од светата Миса може да ни помогнат да научиме како да се обратиме на Бог, што да го прашаме, кои зборови да ги користиме. На сите Литургијата нека ни стане вистинско училиште на молитва – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.