Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Во светот се прогонети повеќе од 215 милиони христијани

Протести против насилството на христијаните

13/01/2018 14:44

Во светот има повеќе од 215 милиони прогнети христијани – е податокот содржан во извештајот на меѓународната организација „Отворени врати“ (Open Doors) која следи стотина земји и секоја година ја составува „црната“ листа со 50 од нив, во кои христијаните се угнетувани, обеспрвени, дискриминирани, злоупотребувани, подложени на насилство сѐ до смрт, и заради својата вера потчинети во приватниот и во јавниот живот.

Повеќе од 3000 маченици заради верата

Бројот на прогонуваните верници е во пораст – загрижувачко е истакна Кристијан Нани, директор на италијанската канцеларија на спомнатата меѓународна организација. Секој дванаесетти христијанин во светот е жртва на насилство или злупотреба. Во периодот кој го опфаќа извештајот од ноември 2016 година до октомври 2017 година – додаде – нападнати се повеќе од 15.500 христијански цркви, домови и продавници.

На врвот на скалата на земји кои ги прогонуваат христијаните се наоѓа Северна Кореја, Авганистан, Сомалија, но жално првенство со најмногу бодови во насилството против христијаните има Пакистан. Во однос на претходната година – рече Нани – мачеништвото на христијаните, односно на луѓето, мажи и жени, па дури и деца кои се убиени заради тоа што се христијани е повеќе отколку двојно поголем. Не зборуваме за христијаните кои загинале во граѓански војни или во бомбардиарње, како што се случува на Блискиот Исток. Зборуваме за повеќе од 3000 луѓе кои планирано се убиени затоа што се христијани. Тој податок кој без сомнеж треба да се истакне, а кои дава идеја за последиците од противхристијанскиот прогон во светот – рече Нани.

Исламско угнетување и хиндуистички и будистички национализам

Главен извор на прогонот и понатаму е исламското угнетување кое се шири на разни подрачја – рече директорот на организацијата „Отворени врати“. Тоа го опфаќа но оди и понатаму од исламскиот екстремизам, односно станува збор за поширок поим кој се однесува на збир општествени закони, или оние кои се поврзани со исламскиот народ заради кои христијанинот страда или на некој начин се ограничува во неговите основни права.

Во извештајот се спомнуваат и некои стремежи, како што се на пример радикализација на подрачјата на кои преовладува исламот во источна, западна и северна Африка и во азискиот неарапски свет; потоа исламскиот експанзионизам во предели со немуслиманско мнозинство посебно во Суб-сахарска Африка и во Индонезија, Малезија и Брунеи; праксата за „етничко чистење“ врз основа на религиската припадност, која е се поголема во Кенија, Нигерија, Сомалија и Судан.

Вториот извор на прогон кој го спомна Нани, а кој исто така е во пораст е религискиот национализам, кој сака цел еден народ да го подложи на една религија, а најистакнат пример се гледа во Индија каде зголемувањето на антихристијанската нетолеранција е предизвикана од хиндуистичкиот радикализам кој поимот национализам го поврзува со поимот религија, и затоа станува составен дел на нацијата, односно за некој да биде Индиец треба да биде хиндуист.

Затоа било кој е од некоја друга вера, па и христијанска оди во пресрет на низа ограничувања или злоупотреба, сѐ до она што навистина се случува во Индија, а тоа се телесни напади, киднапирање, па дури и убиства – предупреди Нани и додаде дека освен во Индија, „религиозниот национализам“ сѐ повеќе се шири и во Непал, а таквите стремежи се воочуваат и во будистичкиот свет, посебно во Шри Ланка, Бутан и Мјанмар. Освен тоа треба да се додаде и „идеолошкиот национализам“ кој често е поврзан со комунизмот, како што е случајот на пример со Кина, Виетнам и Лаос.

Диктаторска параноја

На врвот на скалата веќе 16 години е Северна Кореја во која прогоните се поттикнати од „диктаторска параноја“ – објасни Нани – поврзани со режимот кој во овој случај го претставува Ким Јонг. Во тој случај станува збор за диктатор кој чувствува некој вид на ненаклонетост кон христијанската вероисповед која ја смета за закана, можеби, дури и поврзана со западниот свет. Односно режимот, христијанството го смета за западна религија, посебно поврзана со американскиот свет, и затоа во него гледа закана од американскиот империјализам – објасни директорот на италијанската канцеларија на меѓународната организација „Отворени врати.“

РВ/к.мк

13/01/2018 14:44