Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Полските бискупи побараа забрана за еугеничкиот абортус

Поските бискупи против абортусот - AP

13/01/2018 14:04

Моралните вредности мора да бидат темел на законите“, рече бискупот на Радом, монсињор Хенрик Томашик во врска со расправата за абортус, која започна на 10 јануари 2018 година во полскиот парламент. Потсетувајќи на зборовите од свети Иван Павле II. „ако е повредено правото на живот како личност од зачнувањето, директно ќе биде погоден целиот морален поредокт кој треба да го гарантира непровредливо човечкото наследство“, бискупот истакна дека популарната иницијатива “Стоп абортус“ ја потишаа повеќе од 830 илјади луѓе, а цел е да се подобри заштитата на неродените со поглед на сѐ поглемото подрачје на пренетална еугеника

Полската бискупска конференција се обрати до сите парламентарци со итен апел да се усвои законот кој забранува „еугенички“ абортус, истакнувајќи дека „правото на живот не е само работа на мислење или религија, туку произлегува од природниот закон и од човечкото достоинство, кое е општо признато.“ За предлог законот на „Стоп абортус“ кој го подржува мнозинската партија „Право и праведност“, паралелно ќе се расправа и за друг предлог закон кој е предложен од одборот „Да ги спасиме жените 2017“, со кој се предвидува либерализација на абортусот во првите 12 седмици од феталниот живот. Поради предвидените демонстрации седиштето на полскиот парламент е опколен со интервентна полиција и преоградипреки, а pro-life групите оградите ги накитија со слика од абортирани фетуси – пренесува агенцијата Сир.

РВ/к.мк

13/01/2018 14:04