Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Посетата на Папата на Чиле се очекува со големо нетрпение

Логото за патувањето на Папата во Чиле - RV

13/01/2018 14:37

Од 15 до 18 јануари, папата Фрањо ќе го посети Чиле, а после тоа ќе замине за Перу.

Програмата за неговиот престој во Чиле предвидува средба со државните власти, света Литургија во Сантијаго за сите верници, средба со свештениците, монасите и монахињите, а потоа и со епископите и посета на затворениците во затворот во главниот град на Чиле. За нив локалната Црква се зазема пружејќи им можност за работа и формација со цел нивно повторно вклучување во општеството во иднина. Освен тоа, папата Фрањо ќе се сретне со свештенците од Дружбата Исусовци и со младите. Светиот Отец исто така ќе отиде во градот Темуко, каде ќе се сретне со домородното население, и на север од земјата во Икике, град во кој заради големата миграција живеат различни народи.

Црквата во Чиле со нетрпение го очекува доаѓањето на папата Фрањо – рече во разговор за Радио Ватикан надбискупот кардинал Рикардо Еџати. Големо е исчекувањето и – како што истакна – желбата да се пречека радосно, да се слушнат неговите зборови, но и да се каже каква е Црквата во Чиле денес.

Имено, станува збор за Црква која многу се променила, како и самјиот Чиле, во однос на 1987 година кога папата Војтила ја посети таа земја. Тогаш владееше дикататура, а сега уверена демократија. Кардиналот од посетата на Папата посебно ја издвои средбата со жените затворени во затворот во главниот град, и прашањето на мигрцијата, истакнувајќи ги напорите на локалната Црква во настојувањата околу промената на моменталните закони во врска со миграцијата, за да се направат повеќе хумани и засновани на социјалната праведност.

РВ/к.мк

13/01/2018 14:37