2018-01-13 14:07:00

Кој не трпи со братот кој страда нека го преиспита сопственото човештво


Кој не трпи со братот кој страда, макар и да припаѓа на друга вероисповед, јазик или култура, треба да го преиспита сопственото човештво – порача папата Фрањо на 11 јануари 2018 година во својата Твитер порака.

Потсетуваме дека Светиот Отец со своите пријатели на Твитер споделува кратки мисли за верата и христијанскиот живот, како и за прашања кои се важни за целокупното човештво. Така Папата со своите пријатели на Твитер размислува за нуклеарното разоружување и мирот; промовирање на дијалог и култура на средби, како и борба против културата на отфрлање; грижа за заедничкиот дом, како и за други бројни прашања. Додаваме на крајот дека Твитер профилот на Папата, кој е достапен на девет јазици, го следат повеќе од 44 милиони милиони луѓе.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.