2018-01-13 14:49:00

Папата Фрањо во срцето на Амазонија


За прв пат еден Папа ќе ја посети Амазонија. Тоа ќе се случи за време на 22 Aпостолско меѓународно патување на папата Фрањо во Перу и Чиле од 15 до 22 јануари.

По тој повод ќе биде дистрибуирана енцикликата на папата Фрањо за грижата за создаденото „Laudato Si“, преведена на различни локални јазици, објасни ватиканскиот гласноговорник Грег Бурке, на прес-конференцијата на која даде детали за тоа кратко, но многу интензивно патување на папата Фрањо.

„Тоа апостолско патување ќе има исклучително пастирски карактер и ќе помине во знакот на мирот, единството и надежта, обединети со радоста на Евангелието,“ рече Грег Бурке. „Централен момент ќе биде средбата со индијанското население население во Чиле, Амазонија и Перу. Средбата во Пуерто Малдонадо, на 19 јануари ќе биде своевиден прелудиум на претстојната синода за Амазонија, која Папата ја свика за 2019 година. Тоа го потврдува и присуството на кардинал Лоренцо Балдисери, генерален секретар на Епископската Синода, кој ќе биде во папската делегација за време на целото патување. Освен тоа, дополни Бурке, во Пуерто Малдонано, Папата ќе биде пречекан од едно индијанско семејство во спортската сала Мадре де Диос. После тоа ќе има средба со претставници на локалното население, која ќе биде придружена со песни, танцови, лични сведоштва, а на крајот Папата ќе ја подели енцикликата „Laudato Si.“

„Денес на Запад, тие работи изгледаат шокантни - рече Грег Бурке. Што можеме да научиме од нив? Всушност, Папата сака да нè потсети дека има уште многу да научиме од нашите големи градови и развитокот на тој народ.“

Ватиканскиот гласноговорник соопшти дека за време на посетата на Чиле, Папата ќе се сретне со жртвите на дикататурата на Пиноче. Средбата со жртвите на репресијата во 70-тите години ќе се одржи на 18 јануари и ќе има приватен карактер, не се предвидени официјални говори. Таа ќе се одржи после светата Литургија која Папата ќе ја служи во Кампус Лобито во Икике, посветен на Дева Марија Кармилска (на шпански Вирхен ди Кармен), покровителка на Чиле, чија статуа ќе биде специјално донесена од светилиштето.

За време на неговата осумдневна посета на Латинска Америка, папата Фрањо ќе даде 21 официјална изјава: 4 обраќања, 3 проповеди и 2 поздравни говори во Чиле и 5 обраќања, 5 проповеди, 2 поздравни говори и 2 молитви во Перу.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Папата не избрал да ја посети Аргентина, Грег Бурке одговори: „Да го оставиме одговорот на Светиот Отец. Во меѓувреме, прелетувајќи ја Аргентина, тој ќе испрати телеграма, која е многу интересна.“ Ватиканскиот гласноговорник дополни дека „Папата би сакал да оди во Ирска за Светската средба на семејства и „во моментот се проучува посетата на една балтичка земја.“ Тие апостолски патувања ќе треба да се спроведат во втората половина од годината, „но во февруари ќе знаеме повеќе,“ заврши Грег Бурке.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.