Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Перу: 300.000 Бројаници изработени од затвореници

Огромен банер со сликата на папата Фрањо на фасада на министерството за здравство во Лима - REUTERS

17/01/2018 11:39

За три месеци, затворениците од 12 затвори во Перу изработија над 300 илјади Бројаници со цел да помогнат во покривањето на трошоците на Црквата во Лима за посетата на Папата.

Иницијативата е на Национален казнен институт и архиепископијата на Лима. Освен придонесот во организацијата за посетата на папата Фрањо, иницијативата дава можност на 650 затвореници да се почувствуваат дел од радосната атмосфера и надежта со која се очекува доаѓањето на Светиот Отец.

Предлагајќи им ја иницијативата, извршниот директор за посетата на Папата на Лима отец Луис Гаспар Урибе, на затворениците од затворот „Дева Марија Фатимска“ им се обратил со зборовите: „Не треба да се срамите. Бог не се срами од вас. Перу ќе види што можете да направите со вашите раце.“

Марта Хуалинга, која издржува казна затвор од осум години е една од жените која е вклучена во иницијативата: „Во секоја Бројаница ставив трудољубивост и срцето, но исто така и надежта дека работите можат да се подобрат од моментот во кој ќе учиме од нашите грешки“, вели Хуалинга.

„Со продажбата на Бројаниците ќе придонесеме за покривањето на трошоците за младите кои се ангажирани за папските литургии, а исто така средствата ќе бидат споделени со затворениците кои учествуваа во таа програма наречена „продуктивни затвори“, објасни отец Урибе.

РВ/к.мк

17/01/2018 11:39