Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата: Љубовта кон ближниот е противотров за рамнодушноста

Папата го предводеше литургиското славење во Лима - EPA

23/01/2018 11:40

Противотровот за глобализацијата на рамнодушноста е секојдневното живеење на љубовта кон Бог и кон ближните – истакна папата Фрањо за време на свеченото литургиско славење во Лима, на 21 јануари 2018 година, на кое учествуваа околу милион и триста илјади верници.

Таа воедно беше последната света Литургија од неговата апостолска посета на Перу. Светиот Отец во својата проповед се вдахна од литургиските читања за 3 недела во годината. Во првото читање Господ му зборува на Јона: „Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.“, додека Евангелието прераскажува како Исус се упатува кон Галилеја за да ја навести Радосната вест.

Папата рече дека и на нас може да ни се случи како Јона да побегнеме, односно секојдневните ситуации, болката и неправдите во нашите градови можат да нè стават во искушение за да побегнеме, да се сокриеме. Постојат оние кои се наоѓаат покрај нашите улици, кои живеат на маргините на нашите градови и кои немаат услови за достоинствена егзистенција. Болно е да се сфати дека меѓу „градските остатоци“ премногу често гледаме лица на деца и адолесценти – рече папата Фрањо.

Светиот Отец предупреди да се видат тие работи во нашите градови и соседства може до доведе до т.н. Јонин синдром: обесхрабреност и бегство. Стануваме рамнодушни и следствено, странци и глуви за другите, ладни и со тврди срца и со тој став ја рануваме душата на народот – рече Папата.

Потсетувајќи на неделното Евангелие, папата Фрањо опиша дека Исус по фаќањето на свети Иван Крстител се упатува кон Галилеја за да ја навести Божјата Радосна вест. Исус за разлика од Јона на вознемирувачката и неправедна вест за фаќањето на Иван реагира со влегување во град; влегува во Галилеја и започнува од нејзините градови, тргнал да го сее семето на големата надеж: царството Божјо е близу, Бог е меѓу нас.

Евангелието ни ја покажува радоста и povryanata реакцијата која ја предизвикал – рече Папата и продолжи: Започнал со Симон и Андреј, а потоа со Јаков и Иван, и потоа преку света Ружа Лимска, свети Мартин де Порес и другите светци доаѓа до нас. Го навестувале облаци од сведоци кои поверувале во Него. Тој дошол во Лима, кај нас, за повторно да делува како навремен противотров за глобализацијата на рамнодушноста. Соочени со таа љубов, не можеме да останеме рамнодушни – истакна Светиот Отец.

Исус ги повикал своите ученици во сегашноста да го живеат пред вкусот на вечноста: љубвта кон Бог и кон ближниот – продолжи папата Фрањо. Исус оди по градовите заедно со своите ученици и започнува да гледа, да слуша, да ги воочува оние кои се откажале соочени со рамнодушноста, кои се подложени на тешкиот грев корупција. Започнува да ја донесува светлината во многу ситуации кои ја убиле надежта на неговиот народ и буди нова надеж.

Папата истакна дека Исус продолжува да оди по улиците и да ја буди надежта, надежта која нè ослободува од празните односи и безличните анализи. Ни зборува дека Царството небесно е меѓу нас – рече Светиот Отец. Било каде да настојуваме да покажеме малку нежност и сочувство, таму е Бог. Никогаш нема да се измори од тоа да оди во пресрет на децата. Денес Бог го повикува секој од нас да оди со Него во градот, во својот град, за да биде негов ученик мисионер –рече на крајот папата Фрањо

РВ/к.мк

23/01/2018 11:40