Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата: Во домот каде што има икона на Божјата Мајка ѓаволот не влегува

Папата Фрањо на Литургија во Света Марија Велика - ANSA

29/01/2018 17:09

Во домот каде што има икона на Божјата Мајка, ѓаволот не влегува, нејзиното присуство го победува стравот и ги надминува неволјите". Тоа го истакна папата Фрањо во проповедта на Литургијата која ја служеше во недела 28 јануари 2018 година во Папската базилика Света Марија Велика по повод празникот Пренесување на иконата на Пресвета Богородица (Salus Populi Romani), по извршената реставрација во Ватиканските музеи.

Односот на папата Фрањо со иконата е многу длабока: Тоа е 59. посета на базиликата, за да се поклони пред иконата од Истокот. Пред секое свое Апостолско патување и по завршувањето, папата Фрањо доаѓа тука за да се помоли и да се заблагодари за нејзината поддршка.

Нашите црковни отци нѐ учат дека во најтешките моменти треба да прибегнуваме кон Светата Мајка и да ја бараме нејзината заштита, потсети Папата: „Нејзиниот плашт секогаш е отворен за да се сретне со нас. На ова добро нѐ потсетува христијанскиот Исток, каде што се слави празникот Покров на Пресвета Богородица. Монасите од антиката исто препорачуваат при искушенијата да „бараме заштита под нејзиниот плашт: молитвата кон Светата Божја Мајка била гаранција за заштита и помош".

„Богородица ја чува верата, ги заштитува односите и нè штити од зло - истакна папата Фрањо. Во домот во кој има икона на Божјата Мајка, ѓаволот не влегува. Присуството на Божјата Мајка го победува стравот и ги надминува неволјите. На кој од нас не му е потребно тоа? Кој од нас не бил вознемирен или немирен? Колку пати нашето срце потпаѓа во морската бура, каде брановите на проблемите нѐ гонат, а ветровите на загриженоста не престануваат да дуваат! Марија е нашиот сигурен кораб во потопот. Идеите и технологијата не можат да ни дадат утеха и надеж, туку лицето на Мајката, нејзините раце кои го милуваат животот, нејзиниот плашт нѐ сокрива. Да научиме да наоѓаме прибежиште, секој ден доаѓајќи кај Мајката.

Кога се молиме на Марија, таа се моли за нас, продолжи Папата. „Ако се обратиме на неа, кога сме безнадежни, кога силите ни се исцрпени и кога се затемнува ѕвездата на животот, тогаш таа пристапува. Колку повеќе се молиме, толку повеќе пристапува. Таа е внимателна кон тешкотиите, чувствителна кон загриженоста во животот, во близина на срцето. И никогаш не ги игнорира нашите молитви, ниту една. Таа е наша мајка, никогаш не се срами од нас, напротив, сака само да им помогне на своите деца".

Папата Фрањо предупреди дека „животот без Мајката и нејзината заштита претставува голема опасност за верата": „Мајката не е опција, право на избор, Христов завет. Ние имаме потреба од неа како што патникот има потреба од одмор, како детето кое треба да биде носено во прегратките. Без Мајката и нејзината заштита, ќе бидеме расфрелни во животот како лисјата од ветрот. Господ го знае тоа и ни препорачува да ја прифатиме Мајката.Тоа не е духовна препорака, туку животна потреба. Да ја љубиш не е поезија, туку вештина како да се живее. Бидејќи без мајка не можеме да бидеме деца. А ние пред сѐ сме деца, љубени деца, кои го имаат Бог за свој Отец и Богородица за Мајка.

Папата повика да ја примиме Марија во нашето срце и нашиот живот, како Иван, кој под крстот ја прима Мајката кај себе (Јован 19,27):

„Не можеме да бидеме неутрални или одвоени од Мајката, затоа што ќе го изгубиме нашиот идентитет на чеда, идентитетот на народ, и ќе живееме христијанство од идеи и програми, без синовство, нежност и без срце. Но без срце нема љубов, а верата ризикува да се претвори во убава бајка од други времиња. Мајката, сепак, се грижи и ги подготвува своите деца, за да љубат и да го заштитуваат светот".

„Да ја поканиме Богородица во нашето секојдневие, постојано да биде присутна во нашиот дом и наше сигурно прибежиште - повика на крајот Папата. Да и го довериме секој наш ден. Да ја повикуваме при секоја наша загриженост, но и да не заборавиме да ѝ благодариме".

РВ/к.мк

29/01/2018 17:09