2018-01-29 11:17:00

Папата: Навестувањето не смее да биде млако


Папата Фрањо на 26 јануари 2018 година славеше света Миса во домот Света Марта при што размислуваше за тоа како да се пренесува верата. Светиот Отец зборуваше за Посланието на светиот апостол Павле до Тимотеј, во кое се обраќа до својот ученик, имајќи ја на ум неговата „нелицемерна вера“. Токму Павле му зборува на Тимотеј за Христос и во Посланието се истакнуваат три збора, кои упатуваат на тоа како се пренесува верата. Тоа се „син“, збор со кој Павле се обраќа на Тимотеј, „мајка и баба“ и на крајот „сведоштво“.

Павле го раѓа Тимотеј „преку лудоста на проповедањето“ и тоа е неговото татковство. Во првото читање се зборува за солзи, бидејќи Павле не сака неговото навестување да се ублажи со полувистини, туку навестува храбро. Тоа е она што го прави Павле да биде татко на Тимотеј. Навестувањето не смее да биде млако – предупреди Папата.

Проповедувањето, дозволете ми да го употребам зборот, „шамара“, претставува шамар кој те придвижува и те води напред. И самиот Павле вели: „лудоста на проповедувањето“. Тоа е лудост, бидејќи тоа значи да се каже како Бог стана човек и покасно беше распнат за потоа да воскресне. Што му рекоа Атињаните на Павле? „Уште ќе те слушаме за тоа!“ Секогаш во проповедувањето се наоѓа „ронка лудило“. А искушението е во лажниот здрав разум, во просечноста, млаката вера – рече Светиот Отец.

Другиот збор е „сведоштво“. Верата мора да се пренесува со сведочење кое дава сила на зборовите – истакна Папата и продолжи: „Колку се само љубат!“ зборувале луѓето за првите ученици и преку тоа препознавале дека станува збор за христијани. Денес, во некои парохии, може да се слушне што се зборува за овој или оној. Наместо да се зборува: „Колку ли само се љубат!“, му доаѓа на човек да каже: „Колку ли само си ја дерат кожата!“ Јазикот е како нож за дерење кожата на другиот! И како може да се пренесува верата во таква атмосфера, која е исполнета со оговарање и клеветење? Наместо тоа е потребно сведочење – нагласи папата Фрањо.

„Гледај, овој никогаш не зборува лошо за другите. Прави дела на љубов кон ближниот. Кога некој е болен, тогаш оди да го посети. Зошто го прави тоа? Љубопитноста доведува до тоа да се праша: Зошто тој човек живее така? Со сведочењето доаѓа и прашањето, „зошто“ таму се пренесува верата: затоа што се верува, бидејќи ги следи Исусовите стапки – рече Светиот Отец истакнувајќи го при тоа злото кое го предизивикува недостатокот од сведоштво или лошото сведоштво ја одземе верата и ги ослабнува луѓето.

Третиот збор е „мајчинство“ – продолжи Папата. Верата се пренесува во мајчинската прегратка, во прегратката на Црквата, бидејќи Црквата е мајка, Црквата е жена. Мајчинството на Црквата се продолжува во мајчинството на мајкатата, жената - рече Папата. Потоа Папата потсети дека во Албанија сретнал некоја монахиња, која за време на диктатурата била во затвор. Но одвреме навреме чуварите би ја пуштиле да излезе надвор и би шетала покрај реката, бидејќи вака размислувале чуварите, „што може да направи сестрата?“ Но таа била остроумна, а жените од селото, кои знаеле за нејзиното излегување, ги донесувале кај неа своите деца и таа во тајност ги крстила со водите на реката. Тоа е убав пример – рече Светиот Отец.

Но се прашувам далу мајките и бабите се како Лоида и Евника за кои зборува Павле, а кои на Тимотеј му пренеле нелицемерна вера – рече Папата и продолжи: Ви велам дека ме натажува кога гледам деца кои не знаат да се прекрстат, бидејќи им недостасува мајка или баба, која ќе ги научи. Колку често помислувам на работите кои за време на подготовката за венчавка се подучува младата, мајката: се учи при тоа како да се пренесе верата? Да го молиме Господ за милоста да нѐ научи како сведоци, навестители и мајки да ја пренесуваме верата – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.