2018-02-22 10:38:00

Исус ги зема сите солзи на светот


Исусовата жед, онаа телесната во смртниот час на Голгота е доказ на неговото овоплотение и знак на неговата вистинска смрт, а нејзиното симболично и духовно значење е клучот за разбирање на длаbоката смисла на Неговиот живот и смрт – рече за време на петтата медитација, која дон Толентино Мендонча ја одржа за Папата и Римската курија во рамките на духовнте вежби на 20 февруари 2018 година

Освен настанот на Голгота, евангелистот Иван три пати го спомнува изразот „жеден сум“ – рече дон Толетино и продолжи: Кога Исус ја сретнува Самарјанката ѝ вели: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; 14. а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.” Потоа го спомнува овој израз и во неговиот говор за лебот на животот, Исус вели: „Кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни“. И третпат го спомнува на празникот Сеници, Исус навестува: Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.“

Во разговорот со Самарјанката доаѓа до замена до улогата, Исус кој бара да пие, станува оној кој дава да пие – забележа дон Мендоча и додаде: На Голгота жедта е знак дека Неговото дело е довршено и дека сака да го даде Светиот Дух, живата вода која ќе ја изгаси жедта на човечките срца. На празникот Сеници станува јасно што значи да се биде жеден, односно тоа е да се верува во Исус, а да се пие значи да се дојде кај Него. Во суштина, жедта за која Исус зборува е егзистенцијална жед, која се гаси така што нашиот живот се свртува кон Неговиот. Да се биде жеден значи да се жеднее за Исус.

Жедта за Исус ни помага да ја разбереме жедта на човечкото срце и настојувањето да се изгаси, одговарајќи на Божјата жед, на недостатокот на чувството за вистина и желбата секое човечко битие да биде спасено – истакна дон Толентино де Мендоча и напомена: Неговата жед бара раскинување на оковите кои нѐ затвораат во грешноста и себичноста, кои ни пречат во напредувањето и растењето во внатрешната слобода. Неговата жед бара ослободување на големите сили кои се сокриени во нас како би станале луѓе кои имаат сочувство, миротворци како Него, не бегајќи од страдањето и судирите на нашиот поделен свет, туку прифаќајки ја својата улога и создавајќи заедници и места на љубов и на тој начин да донесуваме надеж на оваа земја.

Денес, на четвртиот ден од Духовните вежби за Папата и неговите соработници, португалскиот свештеник Хозе Толетино де Мендоча во центар на шестата медитација ги стави солзите на жените кои се спомнуваат во Евангелието, а кои упатуваат на жедта за живот, за односите и за Исус. Марија Магдалена, вдовицата од Наин и многу други кои ги спомнува Евангелието во различни животни ситуации евангелизираат со својот начин на служење. А ги поврзуваат нивните солзи кои се полни со чувства, недоразбирање, радост и рани.

Солзите покажуваа дека Бог се овоплоти во нашиот живот, во нашите пропусти и нашите средби – рече дон Толентино и истакна: Во Евангелието исто така и Христос плаче. Исус ја презема нашата ситуација, станува еден од нас и затоа нашите солзи се потопоени во Неговите. Кога плаче, од солидарност ги презема на себе сите солзи на светот.

Кога депресивните лица плачат, тогаш тие се оддалечуваат од искушението да извршат самоубиство, бидејќи солзите не зборуваат за желба дека сака да умрат, туку за жедта за живот – истакна отец Мендоча и додаде: Плачењето е знак за жед за односи. Многу светци, како Игнатиј од Лојола сведочи дека солзите ни даваат чувство за вечност, дека верата нѐ учи да плачеме, и дека тие солзите се она нешто кое може да нѐ направат да бидеме свети, откако сме постапувале човечки.

Нашиот живот може да се прераскаже преку солзите на радост, славење, просветлување, темни ноќи, раскинувања, напуштеност, потиштеност и каење – рече дон Толентино и потсети: Да помислиме само на нашите пролеани созли и на оние кои останале како чвор во грлото и чиј недостаток покасно ни станува терет или пак уште нѐ притиска болката поради солзите кои биле неисплачени. Бог ги познава и ги прифаќа како молитва. Да имаме доверба и да не ги сокриваме солзите од Него.

Кога плачеме, иако се трудиме да не покажеме на другите дека плачеме, вистината е дека плачеме за да видат другите. Тоа е жедта за другите која ни дава да плачеме; како на пример кога ќе дојде пријател и чувствуваме дека можеме да се препуштиме со своите најинтимни чувства – заврши водителот на духовните вежби дон Толентино де Мендоча кои ги одржува за Светиот Отец и неговите соработници во Аричи, недалеку од Рим.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.