Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Документи

Папата до младите: Не се сокривајте зад екраните

Папата Фрањо со младите за време не Светскиот ден на млади во Краков во 2016 година - ANSA

23/02/2018 14:09

Светскиот ден на млади е за храбри. Не се сокривајте зад екраните – истакна Папата во својата порака по повод спомнатиот Ден кој на епископско ниво се одбележува на Цветници, на 25 март, настојувајќи притоа да им помогне на младите да ги надминат стравовите и да размислуваат за вистинскиот повик.

Светиот Отец напомена дека претстојното 33. издание на Светскиот ден на младите преставува нов чекор во подготовката за Светскиот ден на млади во 2019 година во Панама. Исто така тоа преходи и на Епископската синода на тема „Верата, младите и размислување за звањето,“ која ќе се одржи во октомври ова година, истакнувајќи ја така важноста на младите во животот на целата Црква.

Размислувајќи за зборовите на аранхангелот Гавриил „Не бој се!“ кој ѝ ги упатува на Блажена Дева Марија, папата Фрањо ги повикува младите да ги именуваат своите стравови. Денес постојат многу млади луѓе кои постојано ги „фотошопираат“ своите слики или се сокриваат зад лажни идентитети за да се прилагодат на вештачките и недостижни стандарни. Несигурноста на пазарот на работа, чувството за недоволност и недостатокот на емоционална сигурност се останатите стравови кои ги погодуваат младите – стои во пораката.

Во моментите кога сомнежи и стравови ги преплавуваат нашите срца, расудувањето е клучно за да не го потрошиме залудно времето и силите станувајќи зафатени од празни и безлични духови – рече Папата додавајќи дека Библијата не го игнорира човечкото искуство на стравот. Авраам, Јаков, Мојсеј, Петар, апостолите, па и самиот Исус го искусиле стравот и маката. Изразот „Не бој се!“ во Светото Писмо се повторува 365 пати, како со тоа да сака да каже дека Господ сака да бидеме слободни од стравот секој ден во годината – истакна папата Фрањо.

Во пораката понатаму стои дека расудувањето не смее да биде само поединечен напор во интроспекцијата, туку исто така тоа значи да се отвориш за Бог и за другите кои можат да нè водат благодарение на своето искуство. Автентичните христијани не стравуваат од отворањето за другите – напиша Светиот Отец и ги поттикна младите да не се затворат во темна соба во која единствениот прозорец кон светот е комјутерот и паметниот телефон.

Како што ангелот ја нарекува Марија со нејзиното име, така и секој од нас лично е повикан од Бог. Преку Божјите милости можеме да бидеме храбри и покрај сомнежите, тешкотиите и искушенијата кои се појавуваат на нашиот пат. Ако дозволиме да нè допре примерот на Марија, можеме исто така да научиме да го љубиме Бог и да се посветиме на служење на најслабите и најсиромашните меѓу нас. Драги млади, додека се приближува Светскиот ден на млади во Панама, ве повикувам да се подготвите со радост и воодушевување – порача папата Фрањо и заврши: Светскиот ден на млади е за храбри! Го прифаќате ли предизвикот?

РВ/к.мк

23/02/2018 14:09