Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Документи

Папата Фрањо: Корупцијата продира насекаде

Папата Фрањо со пртставниците на италијанскиот Национален совет за борбата против лихварството, 3 февруари

23/02/2018 14:16

Потребно е да се одржи на високо ниво вниманието кон жртвите на подмолното насилство од лихварството – напиша папата Фрањо во писмото кое го испрати до италијанскиот Национален совет за борбата против лихварството.

Потребно е да се одржи на високо ниво вниманието кон жртвите на подмолното насилство од лихварство така што секој човек да почувствува дека се слуша и води за да се излезе од кругот на исклучување и неправда – напиша папата Фрањо во писмото кое го испрати до италијанскиот Национален совет за борба против лихварството, по аудиенцијата одржана на 3 февруари на која прими претставници од тоа тело кои во таа прилика на Светиот Отец му го предадоа својот дар за сиромашните.

Корупцијата продира насекаде

Папата им се заблагодари за тој великодушен каритативен гест кој веднаш го намени за браќата лишени од човечкото достоинство. Имено, тие се најсигурната банка на Царството небесно – истакна Папата и со благодарност рече дека поминуваме низ многу тешко време во кое корупцијата продира насекаде. Затоа неговиот повик е на секој човек да му се пружи делотворна утеха на спасителната Божја љубов, не гледајќи на недостатоците и падовите, па и кога тие ќе се повоторат.

Помош за да се излезе од тунелот на лихварството и коцкањето

Продолжете и понатаму да работите на својата служба упорно и храбро – поттикна Папата истакнувајќи дека нивната работа е скапоцен квасец за целото општество. Добро е тоа да го знаат жртвите на лихварството и коцкањето кој со ваша помош можат да тргнат по нов пат. Заразете ги сите луѓе со надеж за да има што повеќе од оние кои излегуваат од тунелот на лихварството и коцкањето – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

23/02/2018 14:16