Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата ги прими членовите на Претседателството на БиХ

Папата Фрањо со членовите на Претседателството на БиХ - REUTERS

26/02/2018 10:11

Во сабота 24 февруари 2018 година папата Фрањо во аудиенција во Апостолската палата во Ватикан го прими Претседателството на Босна и Херцеговина: хрватскиот член Драган Човиќ, кој ја извршува службата претседавач, српскиот член Младен Иваниќ и бошњачкиот член Бакир Изетбеговиќ, кои потоа се сретнаа и со кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар и надбискупот Паул Ричард Галагер, секретар за односи со државите.

За време на разговорот кој е одржан во пријатна атмосфера е изразено задоволство од добрите односи помеѓу Светиот Престол и Босна и Херцеговина и обновената определба да се продолжи по патот на конструктивна билатерална соработка и зајакнување на меѓурелигискиот дијалог и разбирање - јави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Освен тоа станало забор и за внатрешната ситуација во Босна и Херцеговина, која е одбележана со различни предизивици од економска и социјална природа, како и за итните потфати кои ќе обезбедат иднина на новите генерации. Исто така нагласена е потребата сложно да се продолжи по патот на реформите со перспектива земјата да се вклучи во Европската унија и да се обезбеди делотворна еднаквост на конститутивните народи, промовирајќи мирен соживот и амосфера на помирување меѓу членовите на општеството. На крајот разговараа за некои политички прашања, меѓу кои и за важноста за соработка меѓу државите – стои во соопштенито од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/к.мк

26/02/2018 10:11