2018-02-26 10:37:00

Светиот Отец повика на прекин на насилството во Сирија


Светиот Отец по молитвата Ангел Господов упати повик за моментален прекин на насилството во Сирија. Папата рече дека во неговите мисли се вперени во таа земја во која повторно започна војна, посебно во источниот дел од градот Гута. Го истакна фактот дека овој февруари е еден од најнасилните месесци од седумгодишната војна, во кој настрадаа илјадници цивили, вклучувајќи деца, жени и постари лица.

Папата Фрањо рече дека дури и болниците се нападнати, а луѓето не може да дојдат до храна. Сето тоа е нечовечко – истакна Папата и предупреди: Не може со зло да се бори против злото. Повика на моментален прекин на насилството во таа блискоисточна земја како на луѓето би им се овозможило пристап до хуманитарна помош и да се овозможи евакуација на ранетите и болните. Да го молиме Бог ова да се случи без одложување – рече на крајот Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.