Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата ја посети римската парохија Сан Џелазио

Папата Фрањо во посета на парохијата Сан Џелазио - REUTERS

27/02/2018 09:13

Во искушенијата секогаш треба да си спомнеме на Исус, а во животот да го слушаме Неговото Слово, ова го истакна папата Фрањо, обраќајки им се на верниците од парохијата Сан Џелазио, која ја посети во недела 25 февруари 2018 година, во рамките на неговите пасторални посети во Римската бискупија.

„Ми кажаа дека ме очекувате со радост. Но тое не е точно, ме очекувате со дожд“ – со овие зборови Светиот Отец ги поздрави децата, катехистите и семејствата, кои го пречекаа во парохијата. Пред Литургијата Папата слушна животни приказни на неколку момчиња и катехисти, а на еден млад фудбалер се потпиша на топката. На литургијата присуствуваа и неколку поранешни затвореници.

Во својата проповед, Папата се задржа на Евангелието за втората недела од постот, односно настанот на Преображението (Марко 9,2-10). Исус се објавува пред апостолите како во небото: славен, светол, тријумфален, победител - рече Папата. На тој начин ги подготви да ги разберат страдањата, соблазната на Крстот, бидејќи не можат да го разберат Исус, распнат на крст како разбојник. Тоа е патот на Исус: триумфира преку понижувањето, понижувањето на Крстот.

„Но по Крстот", истакна Папата, „Исус ја покажува славната иднина и она што нè очекува. Тоа е пораката. Тој нè подготвува, ни дава сила да одиме напред во искушенијата и да ги надминеме со Неговата моќ. Исус никогаш не нè напушта во искушенијата: Тој секогаш нѐ подготвува и ни помага, како и аапостолите."

Втората порака од Евангелието е да го слушаме Словото Божјо, истакна Папата: „Ова е мојот возљубен Син, Него слушајте го!" „Во добрите и лошите моменти од животот, да не престанеме да го слушаме Исус. Тоа е патот. Со овие две пораки да продолжиме по патот на Великиот пост: во искушенијата да се потсетиме на Исусовата слава, односно, она што нѐ се очекува, дека Исус секогаш е присутен меѓу нас со својата слава, за да ни даде сила. На патот на животот, да го слушаме Исус, она што Тој сака да ни го каже. Тој ни зборува преку Евангелието, во Литургијата: тој секогаш зборува за нашето срце".

27/02/2018 09:13