Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во Македонија

Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Струмица

Бискупот Стојанов на света Литургија во Струмица - RV

06/03/2018 10:21

Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Струмица за претставниците на движењето Заедништво и ослободување, кои од повеќе држави овие денови престојуваа во Македонија.

На 3 март 2018 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургја во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица. На Литургијата присуствуваа претставници од црковното движење „Заедништво и ослободување“ (Comunione e Liberazione), кои беа застапени од повеќе држави: Македонија, Словенија, Италија, Бугарија, Романија, Грција, Косово.

Бискупот Стојанов на почетокот од проповедта најпрво ги поздрави присутните, а потоа се осврна на евангелската парабола за Блудниот син, истакнувајќи го нивното заедништво и покрај тоа што доаѓаат од различни националности, култури, јазици.

По светата Литургија присутните за задржаа во кратко заедништво, а потоа заминајќи од Струмица продoлжија со предвидената програма.

к.мк

06/03/2018 10:21