Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата во јуни ќе ја посети Швајцарија

Папата Фрањо со Генералниот секретар на Светскиот совет на Цркви, Олаф Твајт

06/03/2018 10:30

„По повод 70 години од основањето на Светскиот совет на Цркви, на 2 јуни 2018 година папата Фрањо ќе го посети седиштето на Светската екуменска организација во Женева“. Ова го соопшти на новинарите директорот на Ватиканскиот прес центар Грег Бурк, кој потенцира дека „програмата за посетата на Папата ќе биде наскоро обајвена. Посетата на Папата ќе го носи мотото: Да одиме, да се молиме и да работиме заедно.“

Меѓу другото, според швајцарски медиуми, Папата ќе биде примен и од претседателот на Швајцарската Конфедерација Алаин Берсет со кога ќе оствари официјална средба.

Папа Фрањо ќе биде третиот Римски првосвештеник, кој ќе посети седиштето на Светскиот совет на Цркви во Женева. Прв Папата која го посети седиштето на екуменската организација беше Павле VI, на 10 јуни 1969 година, четири години по завршувањето на Вториот ватикански собор. На 12 јуни 1984 година свети Иван Павел II, го посети седиштето на Светскиот совет на Цркви во рамките на својата пасторална посета на Швајцарската конфедерација.

РВ/к.мк

06/03/2018 10:30