2018-03-06 10:33:00

Бискупот Стојанов го прими директорот на КОВЗРГ Сотировски


На 1 март 2018 година монс. д – р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во Бискупската резиденција во Скопје го прими директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски.

На средбата која помина во срдечна атмосфера, стана збор за важноста од отворен и искрен дијалог од областа на верските чувства и определби како многу чувствителна област. На средбата исто така е истакната потребата од погoлема соработката помеѓу Католичката црква и Комисијата за верски заедници и религиозни групи во интерес на граѓаните кои припаѓаат на оваа многу значајна верска заедница

Бискупот монс. д-р Киро Стојанов на г-дин Даријан Сотировски му упати искрени честитки за именувањето директор на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, истакнувајќи ја поддршката на Католичката црква за сите иницијативи на новиот директор на Комисијата за верски заедници и религиозни групи во интерес на верниот народ, решавање на долгогодишни проблеми, како и унапредување на верските слободи и права и мотивирање на соработката и верскиот соживот

Директорот Сотировски го потенцираше досегашниот придонес на Католичката црква за стабилност на меѓуконфесионалните односи во државата, притоа додаде: „Католичката црква и Вие Ваша Екселенцијо имате особен придонес во стабилноста на колоритот на култури и заедници во државата, секогаш со умереност и почит кон другите, кон различните, давате позитивен пример и придонес“. Се надевам на зголемена соработка и меѓусебна поддршка за сите отворени прашања, меѓу Светот Престол и Католичката црква со Владата на Република Македонија.“

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.