2018-03-06 09:35:00

Папата: Религијата и верата не се некоја претстава


Религијата и верата не се некоја претстава – рече папата Фрањо во текот на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, на 5 март 2018 година.

Осврнувајќи се на настанот за Нееман сириецот и на Исусовите зборови кога вели дека ниеден пророк не е мил во земјата своја. Папата истакна дека денес во ова време на Великиот пост Црквата ни помага, освен да ги промениме своите дела и чувства, да размислуваме за промена и на начинот на размислување.

Црквата ни зборува дека мораме да ги промениме своите дела; ни зборува за постот, милосрдието, покората; тоа е промена на нашите дела – рече Светиот Отец и поттикна: Да се прават нови дела на христијански начин, така како што стои во блаженствата во 25. глава од Евангелието според Матеј, така треба правиме. Црквата исто така ни зборува за преобраќањето на чувствата; и чувствата треба да се променат – додаде Папата. Параболата за Добриот Самарјанин ни зборува дека мораме да се обратиме во сочувствувањето. Мораме да негуваме христијански чувства. Потребно е преобраќање на делата: преобраќање на чувствата; но денес слушаме за „преобраќање на мислите“, не на она што го мислиме, туку за тоа како мислиме, за начинот на размислување. Дали мислиме на христијански или на пагански начин? Тоа е пораката која ни ја дава Црквата денес.

Нееман Сириецот, болен од лепра, оди кај Јелисеј за да го излекува, го советува да се искапи седум пати во Јордан – потсети папата Фрањо и додаде: Меѓутоа размислува за тоа дали дамаските реки се подобри од оние во Израел; се налутува, се гневи и одлучува да се врати, затоа што – како што рече Папата – очекувал претстава. Но, Божјиот начин е поинаков, оздравува на друг начин.

Истото се случува со Исус, се враќа во Назарет и оди во синагогата. На почетокот луѓето го гледале, биле зачудени и задоволни – рече Папата и продолжи: Но, никогаш не недостасувале злосторници кои започнуваат да зборуваат: тој е син на дрводелецот. Што нè поучува нас? На кој универзитет тоа го студирал? Он е син на Јосиф. Започнуваат да се испреплетуваат мислењата, се менуваат однесувањата на луѓето, сакат да го убијат. Од восихт и чудење, до желба да го убијат. И тие сакале претстава. Нека направи чуда, она што велат дека го направил во Галилеја и ќе веруваме. Исус вели: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е мил во земјата своја.“ Бидејќи ние одбиваме да прифатиме дека нас некој може да нè промени. Мора да дојде некој и да направи претстава за да нè промени. Верата не е претстава, туку Слово Божјо и Дух Свети кои делуваат во срцата.

Црквата нè повикува да го промениме начинот на размислување – рече Светиот Отец и напомена: Можете да го рецитирате Верувањето и сите црковни догми, но ако тоа не се прави во христијански дух, не служи за ништо. Преобраќање на мислите. Не е вообичаено да мислиме на таков начин. Исто така начинот на размислување, начинот на верување мора да се променат. Можеме да поставиме прашање: Со каков дух мислиме? Со Господовиот дух или со сопствениот дух, со духот на заедницата на која и припаѓаме или со духот на мала група, или општествениот сталеж или политичката партија на која припаѓаме? Со кој дух мислиме? Треба навистина да се обидеме да мислиме со духот Божји, да бараме милост за расудување за да размислиме кога мислиме во духот на светот, а кога во духот Божји, и да молиме за милоста на промена на размислувањето – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.