Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Вистинскиот христијанин ризикува

Папата Фрањо на Литургија во домот Света Марта

14/03/2018 10:36

„Ако не гледате знаци и чуда, не верувајте!“ Тоа е прекорот кој во еванелието за денешната Литургија го упатува Исус до царскиот човек кои му доаѓа во пресрет во Галилеја, за да побара оздравување на својот болен син – рече папата Фрањо на Литургијата, која ја славеше во понеделник 12 март 2018 година во капелата на домот Света Марта. Луѓето знаеле дека Исус веќе направил мнoгу чуда. Изгледа дека Исус го изгубил трпението, бидејќи изгледа дека чудото е единствената работа која ги интересира.

Каде е вашата вера? Да се види чудо и да се каже: ‘Ти имаш моќ, Ти си мој Бог“; да, тоа е знак на вера, но многу мал – рече Папата и додаде: Очигледно е дека тој човек има силна моќ. Тука почнува верата, но тогаш таа мора да оди понатаму. Потребно е да се праша: каде е вашата желба за Бог? Затоа што верата е: да се сака да се најде Бог, да се сретне, да се биде со Него, да се биде среќен со Него.

Кое е тоа големо чудо кое го направил Исус? – праша Светиот Отец и протолкува: Првото читање од книгата на пророкот Исаија тоа го објаснува: Ете, Јас создавам ново небо и нова земја (...) Вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што јас го создава. Господ ги привлекува нашите желби со радост која произлегува од тоа што можеме да бидеме со Него. Кога Господ минува низ нашиот живот и прави чудо во секој од нас, а секој од нас знае што Гопспод има направено во неговиот живот, тука сѐ не завршува. Тоа е повик да одиме понатаму, да продолжиме да одиме и како што вели псалмот: „барајте го Божјото лице“, бараје ја таа радост.

Чудото е само почеток – рече папата Фрањо и праша: Што ќе мисли Исус за многу христијани кои запираат на првата добиена милост, кои не напредуваат и се однесуваат како оној во ресторанот кој се наситил со предјадењето и после тоа се враќа дома не знаејќи дека она најдоброто доаѓа? Многу христијани кои не одат напред, кои не напредуваат, христијани кои се заробени од секојдневните работи. Добри се, но не растат, остануваат мали – рече Папата и напомена: Неподвижни се. Тоа се христијани во кафез, кои не знаат да летаат, да сонуваат за убави работи на кои нѐ повикува Господ.

Секој од нас може да се праша: Каква е мојата желба? Дали така го барам Господ? Или пак се плашам или пак сум просечен? Која е мерката за мојата желба? Дали сакам само предјадење или цела гозба? – рече Светиот Отец и на крајот заврши: Сочувајте ја својата желба, не барајте удобен живот, одете малку понатаму, ризикувајте. Вистинскиот христијанин прифаќа ризик и излегува од својата сигурност.

РВ/к.мк

14/03/2018 10:36