Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Пет години од изборот на Хорхе Бергољо за Папа

Кардинал Хорхе Марија Бергољо ги поздравува верниците откако е избран за Папа - RV

14/03/2018 10:29

Поминаа пет години од изборот на аргентинскиот кардинал Хорхе Марија Бергољо, првиот папа од Латинска Америка.

Браќа и сестри, добра вечер – беа првите зборови на новоизбраниот папа Фрањо со кои на 13 март 2013 година се обрати на собраните верници од централната ложа на базиликата Свети Петар. Поминаа пет години од изборот на аргентинскиот кардинал Хорхе Марија Бергољо, првиот папа од Латинска Америка, а неговиот понтификат во знакот на милосрдието, културата на средба и дијалогот, повикува на градење мостови, а не на ѕидови, на грижа за маргинализираните, отфрлените, слабите и оние во потреба, грижа за нашиот заеднички дом. Црквата пак ја гледа како Црква на сиромашните, како полска болница, како Црква во излегување.

Папата Фрањо во текот на својот понтификат предупредува на проблемите како во Црквата така и во општеството. Епископите и свештениците ги предупредува на опасноста од клерикализам, додека на ниво на целокупното општество ја критикува глобализираната рамнодушност, културата на отфрлање и отпадот која во центарот ја става корисноста, економијата која не е во служба на човекот, културолошката и идеолошката колонизација, новите облици на ропство, посебно трговијата со луѓе, како и другите феномени кои се противат на човековото достоинство и го газат. Светиот Отец за време на своето папство покажува голема грижа за мигрантите и бегалците, а исто така се залага околу екуменскиот и меѓурелигискиот дијалог. Освен тоа Папата во повеќе наврати го критикува ширењето на лажните вести напоменувајќи дека чистењето со вистината е противлекот за „виросот лаги“, а во контекст на нашиот однос кон природата повика на еколошко преобраќање.

РВ/к.мк

14/03/2018 10:29