Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Ангел Господов

Ангел Господов: Крстот не е украс или моден додаток

Папата Фрањо на неделната моитва Ангел Господов - AP

20/03/2018 13:12

Евангелието од денешната Литугија ни зборува за настанот кој се случил во последните денови од Исусовиот живот – рече папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 18 март 2018 година, која се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Сѐ се случува во Ерусалим, каде што Исус отиде да ја прослави еврејската Пасха. На тој празник имало и некои Елини, кои имале верски чувства и биле привлечени од верата на еврејскиот народ, и бидејќи слушнале и за големиот пророк, се приближиле до Филип, еден од дванаесетте апостоли и му рекле: „Сакаме да Го видиме Исуса.“ Евангелистот Иван ја истакнува таа реченица, во која во центар е глаголот ‘видиме’, а кој во неговиот речник значи да се оди понатаму од она што се гледа однадвор како би можеле да го запознаеме таинството на таа личност.

Изненадува Исусовото однесување – рече Папата и додаде: Тој не одговара со ‘да’ или ‘не’, туку вели: „Дојде часот да се прослави Синот Човечки.“ Тие зборови кои на прв поглед изгледаат како избегнување на одговорот за Елините, всушност го даваат вистинскиот одговор, бидејќи кој сака да го запознае Исус, мора да гледа на Крстот, каде што се сокрива неговата слава. Евангелието нѐ повикува да погледнеме на Крстот, кој не е воскресен предмет или некаков дел од облека, кој понекогаш е злоупотребуван, туку е верски знак за кој треба да се размислува и да се сфати. Во приказот Исус Распантиот се открива таинството на смртта на Божјиот Син, како најголем чин на љубов, извор на живот и спасение за човештвото во сите времиња.

Не заборавјте да гледате на крстот, да гледате внатре и да го видете Исус, да размислувате за Неговите рани – поттикна Светиот Отец и потсети: Постои убава побожност за молитвата ‘Оче наш“ за секоја од петте рани Исусови. Кога молете Оче наш, обидете се да влезете во Исуовите рани, внатре, токму во Неговото срце. Таму ќе најдете голема мудрост на Христовото таинство, голема мудрост на крстот.

За да го протолкува значењето на својата смрт и воскресение, Исус користи слика и вели: „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод.“ - истакна папата Фрањо и напомена: Исус сака да сфатиме дека последниот настан од неговата смрт и воскресение се чин на плодност кој на многумина ќе им донесе плод. Така се споредува самиот себе со пченично зрно, кое умирајќи во земјата раѓа нов живот. Со овполотението Исус дојде на земјата, но тоа не е доволно. Тој исто така мора да умре како би ги откупил луѓето од ропството на гревот и ќе им даде нов живот помирен во љубовта.

Таа динамика на пченичното зрно која е остварена во Исус, исто така мора да се оствари и во нас, неговите ученици – нагласи Папата и додаде: Повикани сме да го прифатиме пасхалниот закон за губење на животот, како би примиле нов и вечен живот. Што значи да се изгуби животот: Тоа значи помалку да се мисли на себе, на сопствените потреби и да се знае да се ‘види“ и да се оди во пресрет на нашите ближни во потреба, посебно оние последните. Со радост да се прават дела на љубов кон оние кои трпат во тело и дух, тоа е највистинскиот начин на живеење на Евангелието, неопходен темел како нашите заедници би растеле во братство и взаемно прифаќање.

Блажена Девица Марија секогаш имала поглед со срцето упатен кон својот Син, од витлеемските јасли па сѐ до Крстот на Голгота; таа нека ни помогне да го сретнеме и да го запознаме како што Тој сака – рече Светиот Отец и после молитвата потсети на вчерашната посета во Пиетрелчина и Сан Џовани Ротондо, при што истакна дека посебно во срцето му останале болните, кои таму ги сретна, старите и младите.

На крајот се заблагодари на сите кои ја подготвија таа посета. Папата Фрањо исто така ги поздрави сите присутни верници кои пристигнаа во Рим од разни страни на светот. Посебно ги поздрави парохиските групи, припадниците на католичките движења и младите.

РВ/к.мк

20/03/2018 13:12