2018-03-20 13:16:00

Папата до младите: Бидете подготвени да ризикувате


Осмелете се да одите по нови патишта, ризикувајте – им рече папата Фрањо на младите во својот говорот, за време на подготвителната предсинодална средба со младите која овие денови се одржува во Рим, повикувајќи ја притоа Црквата да ги слуша младите луѓе, не исклучувајќи притоа никого.

Премногу често зборуваме за младите луѓе, а нив не ги прашуваме што мислат – рече Светиот Отец и додаде дека постојат такви кои се склони да ја „идолизираат“ младоста како и такви на кои им е помило да ги држат младите луѓе на сигурна одалеченост, наместо да им дозволат да бидат актери во својата иднина.

Папата ги наведе примерите од Светото Писмо во кои Бог зборува по пат на младите луѓе: Самуел, Давид и Даниел. На присутните им рече дека ѝ се потребни на Црквата. Повикани сте да бидете претставници на младите луѓе во светот затоа што вашиот придонес е неопходен – рече папата Фрањо. Затоа што претстојната епископска синода е повик Црквата повторно да го открие обновената младешка динамика.

Светиот Отец рече дека тој лично читал некои емаил пораки со прашалникот кој секретаријатот на епископската синода го постави на интернет и рече дека го погодил повикот на младите кои од возрасните побараа да им бидат близу и да им помогнат во донесувањето на важните одлуки. Така една девојка вели дека на младите луѓе им недостасуваат референтните точки и дека никој не ги поттикна да ги активираат ресурсите кои ги поседуваат. Таа иста девојка ја истакнува опасноста со која денешните млади се соочени и завршува со повикот: Помогнете му на нашиот млад свет кој се повеќе сѐ распаѓа! Папата Фрањо повикот на девојката го опиша како искрен и кој бара внимание. Црквата мора да учи нови начини за присуство и близина – истакна.

Папата ги потсети младите луѓе дека на ова патување мора да се осмелат да одат по нови патишта, макар тоа да вклучува ризици. Мораме да ризикуваме затоа што љубовта знае да ризикуваа. Без ризик младиот човек старее и Црквата исто така старее. Од таа причина потребни ни сте вие младите луѓе, живи камења на Црквата, со млади лице – рече Светиот Отец. Тој ги повика младите луѓе да се изразат слободно и отворено. Вие сте актерите и важно е да зборувате отворено. Ви гарантирам дека вашиот придонес ќе се земе сериозно – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.